Стево Пендаровски е избран за нов претседател
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

 Стево Пендаровски ќе биде новиот претседател на Република Северна Македонија, покажуваат резултатите од вториот круг на претседателските избори што синоќа ги соопшти претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски.

stevo-glavnaСпоред податоците на ДИК од обработени над 98 отсто од гласовите, или 3.436 избирачки места, Пендаровски освоил 423.292 гласа или 51,83 отсто, а неговата противкандидатка Гордана Силјановска Давкова 363.980 гласови или 44,57 отсто.

„Од вкупниот број запишани граѓани во Избирачкиот список, Пендаровски освоил 23,41 отсто, а Силјановска Давкова 20,13 отсто. -Му честитам на Стево Пендаровски на изборот и се надевам дека функцијата ќе ја извршува успешно“, рече Дерковски на вечерашната прес-конференција. Дерковски информира дека вкупно на гласање излегле 46,44 отсто од граѓаните или 816.649 од вкупно запишаните 1.808.131 во Избирачкиот список.

Важечки гласачки ливчиња биле  787.272, а неважечки 29.377 или 3,60 отсто. Тој рече дека од аспект на ДИК денешните избори поминале во фер и коректна атмосфера. До ДИК, рече, во текот на денот не пристигнале никакви забелешки за нерегуларности на избирачките места и тоа, според него, е чекор напред во демократизација на општеството.

Тој им честиташе на граѓаните кои достоинство излегле и го дале својот глас за еден од двајцата кандидати, а изрази надеж дека на наредните избори тоа ќе го направат и оние кои денеска останале дома. Дерковски најави дека утре на прес конференција ќе ги соопштат резултатите од сите избирачки места и оттогаш ќе важат роковите за приговори и жалби.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×