Стево Пендаровски е нов национален координатор за НАТО
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Стево Пендаровски е именуван за национален координатор за подготовка на Македонија за членство во НАТО, информира денеска портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.

Одлуката за назначување на пратеникот на СДСМ и поранешен претседателски кандидат, Пендаровски, за национален координатор на НАТО е донесена на вчерашната владина седница.

Пандаровски ќе ја преземе функцијата откако одлуката ќе биде објавена во Службен весник. До тогаш останува пратеник во Собранието, каде е и заменик-член на собраниската Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање.

Македонија имаше национален координатор за НАТО во периодот од 2006 до 2009 година кога на таа функција беше именуван министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Функцијата остана испразнета и беше во мирување по неуспехот на Македонија да добие покана за членство на самитот во Букурешт во 2008.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×