Стипендии од бизнис секторот за студенти на УКЛО-Битола
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, континуираната соработка со бизнис секторот од градот и државата ја ефектуира со обезбедување стипендии за студентите кои студираат на УКЛО.
ukolОд секторот за односи со јавност посочуваат дека стипендии за студенти на УКЛО обезбедени се од компанијата „Кромберг & Шуберт Македонија“ ДООЕЛ Битола и од Фондацијата „Тома Фила“, додека пак со LTH-леарница Охрид, овозможена е стручна поддршка на студентите од овој Универзитет.
„Во рамки на соработката меѓу Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, односно преку Центарот за кариера, алумни и доживотно учење (КРЕДО центар) и „Кромберг & Шуберт Македонија“ ДООЕЛ Битола, а со цел професионално усовршување на млади и талентирани студенти, компанијата ќе додели четири стипендии за студенти од УКЛО, и тоа две стипендии за студенти од студиската програма „Индустриско инженерство и менаџмент“ и една стипендија за студентите од студиската програма „Машинство“ на Техничкиот факултет во Битола, како и една стипендија за студент од Економскиот факултет во Прилеп“.
Стипендија и оваа академска година ќе додели Фондацијата „Тома Фила“, што се доделува за стипендирање и подржување на еден талентиран студент на Правен факултет – Кичево, дисперзирани студии во Битола, на втор циклус студии, со остварен просек од најмалку осум, на прв и на втор циклус студии.
УКЛО-Битола оствари соработка и со компанијата LTH леарница од Охрид, што како што информираат од универзитетот, широко ќе ги отвори вратите за студентите од сите студиски програми на Техничкиот факултет-Битола.
„Студентите кои своите практични познавања ќе ги стекнуваат во оваа компанија, имаат и можности за стипендирање. Во рамки на соработката, стручни кадри од компанијата ќе се вклучат во наставниот процес како дел од клиничката настава што се изведува на факултетите, појаснуваат од УКЛО-Битола“.
Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола во текот на овој месец ќе го одбележи јубилејот – 40 години од денот на основањето.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×