СТО предвидува забавување на глобалната трговија, бара напори за олеснување на тензиите
Објавено на од во Економија
Споредено со претходната прогноза во септември, СТО го намали проектираниот раст за обемот за тргувани стоки од 3,7 на 2,6 отсто за оваа година.
WTOРастот на глобалната трговија ќе забави втора година по ред, на 2,6 отсто во 2019 година, објави денеска Светската трговска организација и побара од земјите да ги решат своите трговски несогласувања.
„Со зголемување на тензиите во трговијата, никој не треба да биде изненаден од овој исход“, изјави генералниот директор на СТО Роберто Азеведо во Женева.
„Трговијата не може да ја одигра својата целосна улога во поттикнувањето раст кога се соочуваме со вакви високи нивоа на неизвесност“, додаде тој.
Споредено со претходната прогноза во септември, СТО го намали проектираниот раст за обемот за тргувани стоки од 3,7 на 2,6 отсто за оваа година.
Минатата година оваа стапка изнесуваше три отсто.
Следната година, се очекува темпото повторно да стигне до три отсто, но трговското тело во своите предвидувања предупреди дека „тоа зависи од намалување на трговските тензии“.
Азеведо ги повика земјите да го заштитат сегашниот глобален трговски поредок, кој се базира на правилата на СТО и нејзината улога како медијатор.
„Ако ја заборавиме фундаменталната важност на трговскиот систем базиран на правила, ризикуваме да го ослабнеме, што би било историска грешка со последици за работните места, растот и стабилноста во целиот свет“, предупреди генералниот директор на СТО.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×