„Стоби“ заедно со својот кинески партнер донираа 30.000 маски во борба против коронавирусот
Објавено на од во Компании
Како знак на поддршка, за вработените во „Стоби“ од страна на кинескиот партнер се испратени 2.000 заштитини маски, а преостанатите 30.000 ќе бидат наменети како донација за граѓаните на Македонија. 
Стоби маски3
Ви го пренесуваме во целост соопштението од винаријата „Стоби“ по повод донацијата на заштитни маски добиена од страна на нивниот партнер во Кина.
„Пријателите се познаваат на маката. Потврда на ваквите зборови е донацијата од 32.000 заштитни маски испратена до винаријата „Стоби“ од страна на  долгогодишниот деловен партнер од Кина.
Пораката на партнерите од Кина е јасна, тие се изборија со коронавирусот, а истото им го посакуваат и на своите партнери и пријатели во Македонија. За таа цел, како знак на поддршка, за вработените во „Стоби“ се испратени 2.000 заштитини маски, а преостанатите 30.000 ќе бидат наменети како донација за граѓаните на Македонија. Тие 30.000 маски кои кинескиот партнер ги донираше за граѓаните на Македонија, се во Министерството за надворешни работи и според нивните протоколи ќе бидат распределени онаму каде што се најмногу потребни.
Винаријата „Стоби“ и кинескиот партнер бележат исклучително успешна меѓусебна соработка и подем во пласман на македонско квалитетно вино на кинескиот пазар. Во последниве пет години е забележана продажба на 2.000.000 шишиња на тој пазар, со континуиран раст на продажбата. За допирот на македонската винска приказна на далечниот исток , како и успешниот деловен резултат несомнено дека најмногу придонесуваат над 20 „Стоби“ брендирани продавници во неколку градови низ Кина.
Ваквите резултати ја вбројуваат винаријата „Стоби“ како еден од најголемите извозници на вино од Македонија во Кина.
Овојпат, “Стоби” и кинеските партнери реализираат соработка на едно друго поле, полето на хуманитарност.  Со својата донација, вработените во „Стоби“ би сакале што е можно повеќе луѓето да го надминат корона предизвикот што побргу и да се вратат на предизвиците за кои навистина вреди да се живее.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×