Стојковски: Нема пречка да се градат новите барокни факултети на УКИМ
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Нема никаква пречка да се градат двата факултети во кампусот на УКИМ. Целата постапка е транспарентна. Нови згради се градат по барање на ФИНКИ и факултетот за физичка култура, локацијата воопшто не е спорна зошто и двата факултети се членки на скопскиот универзитет. Ова го истакна ректорот на УКИМ, Велимир Стојковски откако голем дел од јавноста се спротивестави на овој проект тврдејќи дека нови факултети не се потребни.

„Ништо не е спорно. По законот за градба, може да гради оној кој е сопственик на земјиштето. Двата факултета бараа од државата објекти и сега целата постапка ја води министерството за образование“, изјави Стојовски.

Стојковски вели дека нема да свика вонредна седница на сенатот, оти сенаторите и професорите  многу добро биле информирани за ситуацијата со двата факултета.

„Вондерна седница се свикува кога имаме вонредна ситација, јас тука не гледам ништо што е толку итно, освен тоа дека државата им излага во пресрет на дрвата факултета“, вели тој.

Претставници на Студентскиот пленум кој па вчера се сретнаа со ректорот Стојковски, велат дека тие ја подржуваат потребата за изградба на нови згради за нивните колеги од ФИНКИ и Факултетот за физично образование, но не на кампусот во кој нема услови и капацитети ниту за постојните факултети.

Студентите најавија дека допрва ќе ги одлучуваат идните чекори за кои велат им треба поопсежна анализа на состојбите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×