Столтенберг: Македонија ќе добие покана за НАТО по заеднички договорено решение за името
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

НАТО ќе испрати покана на Македонија за членство во Алијансата по заеднички договореното решение за спорот за името во рамки на ОН, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, за денешното издание на белградскиот весник „Политика“.

Тој, говорејќи за безбедносната состојба во светот и на Балканот, се осврнува и на неговата посета на Скопје и на аспирациите за членството во НАТО.

Вели дека Алијансата останува посветена на поддршката на Македонија на нејзиниот пат кон членство во НАТО и сакаме земјата да успее во тоа, додавајќи дека има позитивен импулс за прашањето за името.

„Задоволство ми е што го посетив Скопје овој месец. Остануваме посветени на поддршката на земјата на нејзиниот пат кон членство во НАТО и сакаме да успее во тоа. Ова е во согласност со одлуката донесена на Самитот во Букурешт во 2008 година и повторена е во нашите декларации во Велс и Варшава. Сојузниците се согласија дека НАТО ќе испрати покана за членство во Алијансата по заеднички договореното решение за спорот за името во рамките на ОН. И неодамна видовме позитивен импулс за прашањето за името“, рече Столтенберг.

Столтенберг вели дека работењето на Владата на реформите е исто така важно за НАТО.

„Од формирањето на новата Влада минатата година, видовме обновени напори во реформите. За време на мојата посета, ја охрабрив Владата да продолжи со спроведувањето на реформите кои ќе го зајакнат владеењето на правото и демократските институции. Исто така ги охрабрив сите политички партии и други засегнати страни во земјата да се вклучат во отворен и конструктивен дијалог“, истакна Столтенберг.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×