Столтенберг му ја врачи поканата на Заев за членство на Македонија во НАТО
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Нато 1

 

 

 

 

На свеченост што се одржува во моментов во новото седиште на НАТО во Брисел, на вториот ден од самитот на шефовите на држави или влади, членки на Алијансата, премиерот Зоран Заев ја прими поканата за почеток на пристапни преговори со НАТО од генералниот секретар, Јенс Столтенберг.

Столтенберг уште еднаш  го поздрави  договорот помеѓу Атина и Скопје и истакна дека во Алијансата се согласиле да ја поканат Владата во Скопје да започне пристапни преговори, откако ќе бидат заоркужени сите внатрешни процедури за да се финализира договорот земјата ќе влезе во НАТО како 30-та членка.

“Изборот е на граѓаните. Треба да го спроведете Договорот со Грција и ќе влезете во НАТО. Ваше е да изберете.  Вратите на НАТО се отворени. “, истакна уште еднаш генералниот секретар Столтенберг. 

Премиерот Заев рече дека е многу горд на овој историски ден и повика на обединување.

“Целиот овој успех е резултат на работата на сите политички партии и гарнитури изнинативе 25 години. Сега не’ чека референдум што треба да се изработи и ги повикувам сите граѓани да го поддржат договорот што го постигнавме со Грција. Ве повикувам сите да ја искористиме шансата. Воедно ова е и голем поттик за земјите од регионот дека може и вака да се решаваат проблеми. “, истакна Заев.

viber image

После примопредавањето на поканата. македонската делегација во Брисел имаше обраќање до јавноста, при што премиерот Зоран Заев рече дека Македонија е ѕвездата на Балканот и надеж за Европа.

“Ќе направиме се’ што можеме граѓаните слободно да излезат и да гласаат на референдумот. Над 75% од граѓаните се за  влез во НАТО и ЕУ и убеден сум дека  референдумот ќе биде успешен.“

На прашањето на известувачот од Капитал дали се можни и предвремени избори заедно со референдумот, Заев одговори дека сите опции се отворени се’ со цел да успее референдумот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×