Столтенберг: Ова ви е “once in a lifetime“ шанса!
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

НАТО ја покани Македонија да почне преговори за членство. Влезот е гарантиран откако ќе се комплетира договорот за името со Грција. 

 

 

NATO Summit Brussels 2018- Press Conference by NATO Secretary General

 

 

 

 

 

 

“Ова ви е “once in a lifetime chance. Изборот е на граѓаните. Или ќе го спроведете Договорот и ќе влезете во НАТО или нема. Ваше е да изберете.  Вратите на НАТО се отворени. Вие треба да изберете”. Ова беа зборовите на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како одговор на прашањето на новинар од Македонија околу тоа како ја цени ситуацијата во Македонија што мнозинството граѓани  ги поддржуваат евроатлантските интеграции на земјата, но добар дел не се согласуваат со промена на името како предуслов за влез во НАТО и ЕУ.

На денешниот Самит на НАТО во Брисел,  Македонија доби покана да почне преговори за членство, а како што кажа Столтенберг на прес конференцијата,  земјава  ќе стане 30. членка на НАТО кога ќе бидат завршени сите национални процедури и договорот за името со Грција ќе биде комплетиран.

134356180

 

 

 

 

 

Во моментов, додека се одвива пресот на Столтенберг, македонскиот премиер Зоран Заев на конференцијата NATO Engaged одговара на прашања на присутните. Новинарка од Србија штотуку упати честитки за храброста и визијата на македонската влада во процесот на решавање на спорот со Грција и приближувањето на Македонија кон евроатлантските структури. “Овој пример треба да го следи и Србија во решавања на проблемот околу Косово“, истакна таа.

 “Капитал“ во Брисел на Самитот на НАТО, следуваат нови детали.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×