Столтенберг побара што побрза ратификација на Протоколот за прием на Црна Гора во НАТО
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска ги повика членките на Алијансата чии парламенти не го ратификувале Протоколот за пристапување на Црна Гора во овој воен сојуз, да побрзаат и да го направат тоа што е можно побргу.

Столтенберг директното барање го упати од Турција, каде се одржува есенското заседание на Парламентарното собрание на НАТО.

„Ги повикувам сите држави и нивните парламенти кои досега не го ратификувале Протоколот за пристапување на Црна Гора во НАТО, тоа да го сторат. Тоа е ваша одговорност и затоа директно ви се обраќам – вратете се во своите парламенти и обезбедете Протоколот да биде што побргу ратификуван“, нагласи Столтенберг.

Тој потсети дека следната година се одржува самит на НАТО до кога треба да биде завршена ратификација за да може Црна Гора да биде примена за членка. Протоколот досега е ратификуван во 13 држави.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×