Столтенберг пристига вечерва – утре го чека набиена агенда
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска, во вечерните часови, пристигнува во дводневна официјална посета на Република Македонија. Тој и високата делегација на НАТО, за време на посетата ќе остварат средби со државниот врв на Република Македонија, како и со лидерите на дел од партиите застапени во Собранието, соопштија од Владата.

Официјалниот дел од посетата на генералниот секретар и делегацијата на НАТО започнува утре со средбата со министерот за надворешни работи во Владата, Никола Димитров (09:00 ч.), по што ќе следува и пленарниот состанок меѓу делегацијата на Министерството за надворешни работи и делегацијата на НАТО.

Програмата на официјалната посета на Столтенберг потоа предвидува прием за гостите во кабинетот на претседателот на државата, Ѓорге Иванов (09:45 ч.), по што делегацијата на НАТО ќе се упати кон Министерството за одбрана.

Средбата меѓу заменик претседателката на Владата и министерка за одбрана,, Радмила Шекеринска Јанковска, со генералниот секретар на НАТО, ќе се одржи во 10:30 часот.

По настанот во Министерството за одбрана, Столтенберг и неговата делегација ќе ја посетат Канцеларијата за врски на НАТО, и потоа ќе се упатат кон Собранието на Република Македонија, на средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери (11:45 ч.).

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ќе има свое обраќање пред пратениците во Собранието (12:05 ч.), по што ќе следуваат одделни средби со претседателите на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,  и на ДУИ, Али Ахмети.

Официјалната церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести по повод официјалната посета на делегацијата на НАТО предводена од генералниот секретар Јенс Столтенберг, во организација на Владата на РМ, ќе започне во 15:00 часот.

Високиот гостин на НАТО и делегацијата ќе ги пречека претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, и висока владина делегација, по што ќе следува тет-а-тет средбата на премиерот Заев и генералниот секретар на НАТО, Столтенберг.

Во делот на посетата на делегацијата на НАТО во Владата на РМ, програмата предвидува и пленарни разговори помеѓу владина и делегацијата на НАТО.

Завршниот настан од оваа официјална посета на високата делегација на НАТО предводена од генералниот секретар на Алијансата е заедничката прес конференција на премиерот Заев и на Столтенберг која ќе се одржи во Владата на Република Македонија во 15:50 часот.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×