Столтенберг: Русија не одлучува за членството на Македонија во НАТО
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Само Македонија и 29-те земји членки на Алијансата можат да одлучуваат за членството на земјата во НАТО, потсети денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

На прес-конференција ден пред состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО-членките во Брисел, Столтенеберг, прашан да ги коментира изјавите на рускиот амбасадор во Македонија дека земјата ќе стане „легитимна цел“ во случај на конфликт ако стане членка на НАТО, одговори: „Целата идеја дека Русија нема да прифати одредени земји да станат членки на НАТО е идеја на сфери на влијанија каде големите сили ги контролираат помалите држави и тоа е во контрадикција со сѐ за што НАТО се залага“.

„Прво мислам дека е важно правото на секоја нација да одлучи за сопствениот пат и безбедносни договори, ова е фундаментален принцип за НАТО. Но, и Русија се заложи за овој принцип во повеќе договори како што е Хелсиншкиот договор од 1974-та години и други документи. На Скопје е да одлучи за сопствениот пат и дали сака да се приклучи кон НАТО. Македонија и 29-те сојузници на НАТО одлучуваат за тоа и никој друг нема збор во овој процес“, изјави Столтенберг на прашање на МИА.

Како што јави дописничката на МИА во Брисел, Столтенберг рече дека го поздравува напредокот во преговорите за спорот за името и оти е информиран за тоа.

Столтенберг потсети дека поканата за влез во Алијансата за Македонија од 2008 сѐ уште важи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×