Столтенберг во Собранието: НАТО сака да успеете – импресионирани сме од вашата посветеност за влез во Алијансата
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Пред седиштето на НАТО сѐ уште има место за нови знамиња, порача денеска во обраќањето пред пратениците во Собранието, генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

„Гледајќи како црногорското знаме првпат се развиори пред седиштето на НАТО лани, тоа го почувствував како мошне важен момент. Сѐ уште има место за повеќе знамиња пред седиштето на НАТО. Земјите-членки се импресионирани од вашата посветеност и од ентузијазмот за влез во Алијансата, а НАТО сака да успеете“, рече Столтенберг.

Тој ги поздрави напорите на Владата за решавање на спорот со Грција за името и ја охрабри да продолжи на тој пат.

„Ја поздравувам волјата на вашата Влада, која е одлучна да се реши ова прашање. Вчерашната средба на преговарачите под покровителство на ОН во Њујорк беше уште еден важен чекор за натамошниот напредок“, додаде Столтенберг, додавајќи дека „има уште многу работа“.

„Мора да се реши проблемот со името на оваа земја, прашање кое е отворено премногу време. Ве поттикнувам да ја искористите оваа шанса да се приближите напред“.

Тој пред пратениците рече дека бил шокиран од настаните на 27 април, но од она што се случувало потоа, со новата Владата, останал импресиониран.

„Настаните во оваа зграда во април минатата година, ме шокираа. Тоа беше шок за сите членки на НАТО. Но, ние сме импресионирани од тој ден натаму. Сакам да оддадам признание за напредокот што сите го направивте. Ми се допаѓа оптимизмот и истрајноста. Јас ги разбирам предизвиците кои ви стојат на патот. Во мојата кариера научив дека каде што има инклузивност има и истрајност. Принципите на слобода и владеење на правото, го дефинираат битието, за тоа што е оваа земја и НАТО денес. НАТО покажа дека патот за да се приклучите кон Алијансата е отворен за сите земји кои ги исполнуваат принципите на договорот од Вашингтон“, рече Столтенберг.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×