Стопанска банка АД Скопје ќе исплати дивиденда од 45,1 милиони евра
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Стопанска банка АД – Скопје ќе предложи на Собранието на акционери на Банката да одобри исплата на дивиденда на имателите на обичните акции во вкупен бруто износ од 2.776.168.620 денари (45,14 милиони евра), или бруто износ од 159 денари по обична акција.

„Имајќи предвид дека овој износ произлегува од задржаната добивка од претходните години, која не се вклучува во регулаторниот капитал и не влегува во пресметката на стапката на адекватност на капиталот, исплатата на гореспоменатата дивиденда нема да има никакво влијание врз капиталната база, која и натаму останува силна и во насока на натамошна соодветна поддршка на редовните активности на Стопанска банка за годините кои ни претстојат“, објаснуваат од Стопанска банка која и понатаму ја одржува водечката позиција во банкарскиот сектор.

Во 2014 и 2015 година, Стопанска банка оствари добивка по оданочување во вкупен износ од  3.429.041.081 денари (55,8 милиони евра) и ваквите позитивни резултати обезбедија основа за зголемување на регулаторниот капитал на Банката лани од акумулираната добивка во износ од 2.159.353.000 денари (35 милиони евра), со што дополнително се зајакна капиталната база на ниво кое е значително повисоко од капиталните барања пропишани во регулативата, истакнуваат од Стопанска банка.

„Одличните перформанси и високата профитабилност, како и високата капитална позиција, создадоа услови за поврат на долгорочните инвестиции на акционерите, вклучително и на малцинските акционери кои години наназад очекуваа поврат од нивните инвестиции“, коментираат од Стопанска.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×