Стопанска банка Битола и Владимир Ефтимоски со награди од “Global Banking & Finance” и “The Business Worldwide” за најдобра банка и најдобар менаџер
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Стопанска банка а.д. Битола годинава втора година по ред е избрана од страна на “Global Banking & Finance”за:“Најдобра банка за работа со правни лица 2016„, “Најдобра банка за работа со физички лица 2016„ , додека на Претседателот на Управниот Одбор, Владимир Ефтимоски, му е доделена наградата„Најдобар главен извршен менаџер во банкарскиот сектор за 2016„. 

 

Дополнително, оваа година Претседателот на Управниот Одбор на Стопанска Банка а.д Битола, г-нот Ефтимоски, од страна на меѓународниот финансиски магазин “The Business Worldwide” доби уште две престижни награди:„Најдобар главен извршен менаџер во банкарскиот сектор во Македонија за 2016„, и„Најиновативен извршен директор за Македонија за 2016 година„.
STB Banka Upraven odbor
“Global Banking & Finance” и финансискиот магазин “The Business Worldwide” се едни од водечките светски извори на авторитативна анализа на меѓународниот финансиски и банкарски сектор. Се читаат во повеќе од 200 земји и претставуват едни од главните извори на информации за клучните фактори на одлучување во финансиското работење. Својот углед го базираат на објективност, влијание, интегритет и точност во информирањето. Искусни економски новинари, ажурно и секојдневно пренесуваат вести од банкарскиот сектор, брокерските работи, фондови, менаџмент на богатство, корпоративно владеење, спојувања и превземања… се под еден глобален чадор.

 

При одлучувањето за доделување на наградите на Претседателот на Управниот Одбор на Банката, г-нот Ефтимоски, жирито на финансискиот магазин “The Business Worldwide”, кој има преку 62,000 читатели, се раководеше од повеќе критеритуми, помеѓу кои: визија и инспирација; иновативност и креативност; успешност; стратегија за развој; лидерство; стил, посветеност и ангажираност; општествена одговорност и експертиза.

Наградите кои му беа доделени на г-н Ефтимоски беа објавени и напортали ионлајн сервиси како Reuters, Marketwatch, Bloomberg terminals, Dow Jones, LexisNexis, Yahoo News!, CNBC и Forbes.

Овие награди се признание за Стопанска Банка а.д Битола и за нејзиниот менаџер, за континуираните напори кои се вложуваат во насока на стабилно и профитабилно работење, како и развој на иновативни проекти и производи, како платежни картички со безконтактно плаќање, модерно електронско банкарство, нова веб страна, Mobipay. Проекти и производи посветени кон потребите на нашитеклиенти.
http://www.bwmonline.com/awards/ceo-awards-2016-winners/

Наградите пак, кои ги доделува “Global Banking & Finance”, во меѓународните банкарски и финансиски кругови, претставуваат мерило за просперитет и релијабилност, важејќи за точен индикатор на водечките организации во светот. Со добивањето на престижните награди за 2016 година, втор пат по ред, од страна Global Banking & Finance, продолжува меѓународната верификација на успешната приказна на Стопанска Банка а.д. Битола.

https://www.globalbankingandfinance.com/magazine-issue-5/

https://www.globalbankingandfinance.com/current-banking-trends-in-macedonia/

Почнувајќи од 2013 година, банката во континуитет го подобрува своето работење. Сериозно се инвестира во развојот на дистрибутивната мрежа и во подобрувањето на квалитетот на услугите за клиентите, преку анализа на нивните барања се со цел креирање на понуда и услуги според нивните потреби. Како резултат на ваквите напори, Банката постојано во континуитет го зголемува бројот на клиенти и заклучно со Септември 2016 истата бележи раст од 8,65% во однос на 2013, ја зголемува депозитната база, која во споредба со 2013 е зголемена за 27,58%, а обемот на бруто кредити за 64,44% заклучно со Септември 2016. Стабилниот и континуиран раст на кредитното портфолио на банката овозможи раст на приходите од камати за 23,69% во 2014, односно 15,04% во 2015, раст на приходите од провизии за 10,47% во 2014, односно 12,28% во 2015, раст на приходите од курсни разлики за 70,04% во 2014 односно 60% во 2015 со што вкупниот нето оперативен приход континуирано расте и тоа за 41,34% во 2014, односно 14,66% во 2015 година.

Постојаните заложби на Банката за раст на работењето овозможи пораст на бројот на вработени за 40,96% во однос на 2013. Доброто управување со трошоците од секојдневното работење и прудентното управување со ризиците, заклучно со Септември 2016, придонесе за раст на вкупната актива на банката за 32,50% и намалување на нефункционалните кредити за 80% во однос на 2013 година. Заклучно со Септември 2016 година, учеството на нефункционалните кредити во бруто кредитното портфолио на банката изнесува 2,80%, додека стапката на покриеност на нефункционланите кредити со исправката на вредноста изнесува 125,90%.

 

 

One thought on “Стопанска банка Битола и Владимир Ефтимоски со награди од “Global Banking & Finance” и “The Business Worldwide” за најдобра банка и најдобар менаџер

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×