Стопанска банка Битола ќе емитува корпоративни обврзници во вредност од 5 милиони евра
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) на  Република Македонија информираше дека го одобри барањето на “Стопанска банка” АД Битола  за издавање на прва емисија на корпоративни обврзници по пат на јавна понуда.

“Станува збор за 5.000.000 долгорочни должнички хартии од вредност со поединечна минимална продажна цена од 1 евро во денарска противвредност на денот на уплатата.  Обврзницата што се издава е долгорочна со каматен принос, неограничено пренослива, во нематеријален облик и гласи на име”, информираа од КХВ .

Стопанска банка БИтолаВредноста на емисијата на обврзниците кои се предмет на јавната понуда е 5.000.000 евра и претставува 26,30% од основната главнина на “Стопанска банка” АД Битола.

Обврзниците ќе бидат јавно понудени преку Македонската Берза, согласно моделот на одредување на минимална цена, при што приоритет ќе се дава на налози со повисока цена , поголема количина и порано време на внес на налогот.

Емисијата на обврзници е заради зајакнување на капиталот и вкупниот финансиски потенцијал на банката со што “Стопанска банка” АД Битола планира да ги оствари бизнис целите утврдени со деловната политика за следниот четиригодишен период.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×