Стопанска банка Битола прогласена за најдобра комерцијална банка во 2015
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Stopanska banka Bitola 1Престижниот меѓународен магазин International Banker ја награди Стопанска банка Битола со наградата за најдобра комерцијална банка за 2015 година и банка со најдобро иновативно банкарско работење со физички лица во Македонија.

Стопанска банка Битола е оценета како еден од лидерите во банкарскиот сектор на Македонија, со значителен пораст на бројот на клиенти и зголемена рамка на кредитни и платежни активности. Мрежата на експозитури на Стопанска банка минатата година е зголемена за 26,67% и континуирано зголемување на бројот на вработени.

Помеѓу критериумите за доделување на наградите на Стопанска банка се вбројува и успехот на банката во делот на работа со физички лица. Вкупната вредност на кредитите за физички лица бележи пораст од 50% во 2014 година. Голем удел во овој раст има и континуираната понуда на банката на нови производи и услуги, кои се прилагодени на потребите на клиентите.
Изминатата година Стопанска банка година имала раст на корпоративното портфолио за 10,26% и пораст на депозитите за 39,18%.
International Banker е еден од водечките списанија за Анализа на меѓународниот финансиски и банкарски сектор. Станува збор за меѓународно признаена публикација , чиј углед се базира на објективност, влијание, интегритет и точност во информирањето.
Оваа година Стопанска банка Битола беше наградена и од светски познатиот финансиски магазин Global Banking & Finance како најдобра банка за работа со физички лица во Република Македонија за 2015 година. Истовремено, тимот на Global Banking & Finance го избра извршниот директор на Стопанска банка Битола за најдобар главен извршен директор во банкарскиот сектор во Македонија. Оваа награда е доделена како резултат на анализата на поднесените номинации, при што прецизно се мери успехот на менаџерот преку постигнатите резултати на банката во банкарскиот сектор.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×