Стопанска банка Битола со добивка од осум милиони денари
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Стопанска банка а.д. Битола оствари позитивен финансиски резултат за минатата година, односно добивка во износ од 8 милиони денари. Тековното остварување првенствено е резултат на повисоки нето-приходи од редовното работење и ефикасно управување и контрола на трошоците што придонесе за неутрализација на ефектот од зголемената исправка на вредност и загуба за оштетување. Добивката пред исправка на вредност и загуба за оштетување изнесуваше 40,79 милиони денари што претставува зголемување од 72,86% во однос на истиот период од минатата година.

„Во првиот квартал од тековната 2018 година, главен акцент во работењето на Стопанска банка а.д. Битола беше насочен кон остварување на клучните стратегиски и деловни цели дефинирани во Деловната политика, развојниот и финансискиот план на Банката за 2018-2022 година. Притоа, Банката постојано го приспособуваше своето работење на промените во домашните економски услови, модерните банкарски текови и глобалните пазарни случувања“, пишува во објаснувањето од Банката.

Нето-приходите од камати се повисоки за 25,88%, односно 17,84 милиони денари во однос на остварувањето од минатата година, додека планот за првиот квартал од 2018 година беше остварен со 107,56%. Кај приходите од камати беше постигнат годишен раст од 8,22 милиони денари, што генерално се должи на зголемено кредитирање на секторот домаќинства заради дисперзија на ризик и проширување на клиентската база. Доброто управување со изворите на средства и нивните цени придонесе за намалување од 9,62 милиони денари на страната на расходите, главно во делот на пасивни каматни стапки.
Нето-приходите од провизии и надоместоци се зголемени за 7,60 милиони денари, што претставува годишен раст од 32,02%. На страната на расходите е евидентирано благо намалување, додека приходите од провизии бележат позначаен раст одразувајќи го зголемениот обем на активности, главно во делот на платен промет. Планот на нето-приходи од провизии и надомести за анализираниот период е остварен со 116,71%.

Нето-курсните разлики се повисоки за 1,00 милиони денари споредено со првиот квартал од минатата година, додека планот е остварен со 91,48%.
Очекувањата за периодот што следува се во насока на стабилизирање на макроекономско опкружување и умерено забрзување на домашниот економски раст.

Банката и во идниот период ќе делува во согласност со целите, мерките и активностите поставени во Деловната политика, развојниот и финансискиот план за периодот 2018-2022 година. Фокусот, како и досега ќе биде ставен врз пресретнување на потребите на клиентите преку понуда на иновативни производи и услуги, јакнење на депозитниот потенцијал, понатамошно подобрување на квалитетот на кредитното портфолио и вкупната актива преку засилени активности за наплата на нефункционални кредити, одобрување нови изложености со прифатливо ниво на ризик и продажба на преземениот имот. Дополнително, Банката ќе го прилагодува работењето во согласност со измените во законската и подзаконската регулатива и услувите на пазарот. Врз основа на ваквите активности, динамиката на раст на приходните позиции би била поголема во однос на динамиката на раст на расходите, што ќе создаде услови за понатамошно подобрување на финансискиот резултат на Банката.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×