Стопанска банка Битола со поголеми приходи и добивка во првите шест месеци
Објавено на од во Економија
Стопанска Банка – Битола во првите шест месеци годинава има добивка пред оданочување во износ од 32,15 милиони денари (околу 522 илјади евра), за разлика од загубата од 21,2 милиони денари остварена истиот период лани.
Stopanska banka Bitola

 

 

 

 

 

 

 

 

Тековното остварување е резултат на напорите за наплата на отпишаните побарувања евидентирани вонбилансно, издвоените помали загуби за оштетување на финансиските и нефинансиските средства, како и повисоките приходи од тековно работење, велат во банката.

Стопанска Банка – Битола во првото полугодие од 2017 остварила нето приходи од камата повисоки за 1,76%, или 147,5 милиони денари. Овој раст најмногу се должи на зголеменото кредитирање на секторот население, објаснуваат во банката.  “И покрај повеќекратните намалувања на каматните стапки за штедење, расходите за камати имаат годишен раст од 20,57% што генерално се должи на зголемената депозитна база како резултат на довербата на клиентите.“, се вели во соопштението на СББ.

Нето приходите од провизии исто така бележат раст, од 5,29%, на 47,7 милиони денари.  “Одразувајќи го зголемениот обем на кредитни работи, работи во платниот промет, работи со платежни картички и останати активности за чија реализација е определен надоместок, приходите од провизии се повисоки за 12,23% на годишна основа, додека расходите за провизии бележат раст од 30,11%. Порастот на расходите за провизии и надоместоци главно е генериран од воведувањето нов производ – Master Card, чии ефекти во идниот период ќе се рефлектираат на приходната страна.“, велат во СББ.

Нето-курсните разлики се пониски за 1,82 милиони денари споредено со минатогодишното остварување. Останатите приходи од дејноста се повисоки за 27,21% на годишна основа, што главно се должи на вонредни приходи од продажба на нетековни средства наменети за продажба и наплатени отпишани побарувања од вонбилансна евиденција.

Исправката на вредноста на финансиските средства, на нето-основа, е пониска во однос на претходната година за 48,73%, што упатува на подобрен квалитет на кредитното портфолио. Загубата поради оштетување на нефинансиските средства, на нето-основа, е во позитивна зона, што е одраз на доброто управување со преземениот имот и негова продажба во согласност со поставените плански цели.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×