Стопанска банка Битола со повисоки приходи од редовно работење лани
Објавено на од во Компании

Нето-приходите од камати се повисоки за 9,97%, односно 31,51 милиони денари во однос на остварувањето од минатата година. Нето-приходите од провизии и надоместоци се зголемени за 11,94 милиони денари, што претставува годишен раст од 12,08%

STBB

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Стопанска банка а.д. Битола оствари позитивен финансиски резултат за 2018 година, односно нето-добивка во износ од 34,43 милиони денари, покажува неривидираниот финанисиски резултат . Добивката од работењето пред данок и исправка на вредност на финансиските и нефинансиските средства изнесува 136,11 милиони денари за разлика од минатата година кога оваа добивка изнесуваше 79,86 милиони денари што укажува на значително подобрување на способноста за генерирање на приходи од редовното работење. Тековното остварување главно е резултат на повисоки нето-приходи од камати и провизии, како и ефикасно управување и контрола на трошоците, што придонесе за неутрализација на ефектот од зголемената исправка на вредност и загуба за оштетување.

Нето-приходите од камати се повисоки за 9,97%, односно 31,51 милиони денари во однос на остварувањето од минатата година. На страната на приходите од камати  остварен e годишен раст од 3,05%главно генериран од зголемено кредитирање на секторот домаќинствaсо цел дисперзија на ризик и проширување на клиентската база. Следејќи ги движењата на пазарот од аспект на каматни стапки, расходите за камати бележат годишно намалување од 12,10%. Планот на нето-приходи од камати за анализираниот период е остварен со 107,68%.

Нето-приходите од провизии и надоместоци се зголемени за 11,94 милиони денари, што претставува годишен раст од 12,08%, при што приходите од провизии се зголемени за 8,41%, одразувајќи го растот на провизиите главно во делот на платен промет, додека на страната на расходите е евидентирано зголемување од 0,51%. Планот на нето-приходи од провизии и надомести за анализираниот период е остварен со 102,34%.

 Нето-курсните разлики бележат намалување од 4,85%, односно 1,12 милиони денари споредено со минатата година, додека планот е остварен со 84,76%.

Останатите приходи од дејноста се пониски за 9,74 милиони денари споредено со претходната година, главно како резултат на пониски вонредни приходи вклучени во оваа категорија.

Исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа е поголема за 54,26 милиони денари во однос на исправката издвоена во 2017 година што е одраз на проценките на Банката околу кредитниот ризик, а врз основа на одредени настани кои негативно се одразија во работењето кај неколку од клиентите.

Во согласност со Одлуката за сметководствениот и регулаторниот третман на средства преземени врз основа на ненаплатени побарувања, заклучно со 31.12.2018 година евидентирана е загуба поради оштетувањето на нефинансиските средства на нето-основа во износ од 12,38 милиони денари.

Во година кога фокусот беше ставен врз понатамошна дигитализација и пресретнување на современите потреби на клиентите, трошоците за вработените се пониски за 0,53% споредено со 2017 година. Планот кај оваа позиција е остварен со 89,56%. Останатите расходи од дејноста се пониски за 13,79% на годишна основа, додека планот е реализиран со 101,57%. Амортизацијата е зголемена за 6,80%, а реализацијата на планот изнесува 93,67%.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×