Стопанска банка и MasterCard го претставија Pepper, хуманоидниот робот асистент
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Македонската публика денеска има можност да го запознае хуманоидниот робот Pepper, кој Стопанска банка АД –Скопје, во соработка со Mastercard, го претставува во филијалата i-bank store.

На презентацијата за медиуми Pepper закажа авионски лет, прими ресторанска нарачка и танцуваше на музика. Сето ова низ флуидна, гласовна и гестовна комуникација со корисникот (презентерот), што изгледаше природно и интуитивно. Пепер 2

Станува збор за демо-верзија на роботот изработен од SoftBank Robotics Corp, кој има два демо-начини на работа: FlyFaster (за закажување авионски летови) и Mastercard Cafe (за нарачување храна), плус танцувањето, и во основа може да се користи на аеродроми, во ресторани, во банки.

За користење на овие можности на Pepper потребна е соодветна апликација на мобилен уред базирана на Masterpass, глобалниот сервис за дигитално плаќање на Mastercard.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×