Стопанска банка повикува на учество во кампањата „Вози право, вози здраво“
Објавено на од во Компании

Стопанска банка ги повикува сите граѓани на Скопје кои сакаат низ центарот на Градот да ги возат своите велосипеди, ролерки, тротинети (електрични или обични), скироли и бебе-колички да се приклучат на најмасовното возење по улиците ослободени од автомобили. 

вози правоРегистрацијата можете да ја направите на следниот линк:
http://bit.ly/VPVZRegistracija

Настанот ќе се одржи на 08.06 (сабота) со СТАРТ од 17 часот од Порта Македонија, а ќе следи забава и лотарија на целта во Градскиот парк.

Редните броеви од регистрацијата ќе можете да ги подигнете од нашата i-bank store филијала од 10 – 18ч секој ден од понеделник 03.06 до 08.06 најдоцна до 15 часот.

НАПОМЕНА: Подигнување на редни броеви пред стартот НЕМА ДА биде овозможено. Броевите ќе можат да се подигаат најдоцна до 15 часот на 08.06.2019.

На целта во Градскиот парк, сите регистрирани учесници кои ги подигнале своите бројчиња и учествувале на трката ќе може да учествуваат во вредната лотарија и да се освежат со пијалок, сладолед или грицки.

За доброто расположение на присутните ќе се погрижат Скопски Грув, 5+ Фамилија и Baskerfest како и водителите Марко и Цеце.

За сите учесници, покрај ВПВЗ репрезентацијата и вредната лотарија овојпат вклучува:
- 10 SPECIALIZED детски велосипеди
- 10 SPECIALIZED велосипеди за возрасни
- 10 GoPro Hero7 камери

Стопанска банка обезбеди и ваучери за сладолед, пијалок, грицки, вода со што ќе ги освежи учесницитет по пристигнувањето на целта.

„Како и досега, нашите препораки за безгрижно учество на ВПВЗ се:
- не се оддалечувајте од вашето друштво, ова посебно важи за децата. Погрижете се детето да знае како да ве контактира во случај да се разделите.
- внимавајте на своите работи и не ги оставајте без надзор
- дојдете најмалку 15 минути пред стартот на трката за да ги чуете сите насоки и препораки за трката
- не брзајте, трката е од ревијален карактер и првите во целта нема да бидат посебно наградени
- бидете на целта за време на лотаријата, доколку не се пријавите кога ќе биде извлечено бројчето, истото ќе биде поништено и ќе биде извлечен нов добитник
- внимавајте на брзината и на безбедноста. Во случај на незгода, ангажирани ќе бидат возила на брзата помош кои ќе може да ви помогнат. Побарајте некој од нашите волонтери кои ќе бидат распределени на стартот, долж патеката и на целта во паркот.
- очекуваме пријатни временски услови, но секогаш е добро да бидете заштитени од UV зрачење“, се вели во објавата.

Дознајте повеќе за настанот тука или на веб страницата на Банката http://bit.ly/vozipravovozizdravo

Кампањата е по повод прослава на 75 годишнината на Стопанска банка АД – Скопје, и е повторно фокусирана на велосипедизмот, но со хумана димензија - www.voziodsrce.mk. 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×