Стопанска банка, Техномаркет и Philips отвораат уникатна интернет продавница
Објавено на од во Компании

Стопанска банка АД – Скопје, холандскиот технолошки гигант Philips и малопродажниот ланец за техника во Македонија – Техномаркет отвораат уникатна интернет продавница, во која ќе можат да пазаруваат само клиентите со платежни картички на Стопанска банка на кои ќе им биде овозможено да набавуваат премиум производи на Philips по екслкузивни цени со попуст до 40%.Во неа ќе бидат поставени 12 атрактивни, мали апарати за домашна употреба на Philips од премиум категоријата и ќе може да се купат online, исклучиво со платежните картички на Стопанска банка.

„Секогаш се обидуваме да го евалуираме искуството на нашите клиенти низ нивните очи, бидејќи тоа е најточен и најискрен пристап за разбирање на вистинските потреби, а тие сознанија нé поттикнуваат да бидеме подобри во она што го работиме. Ги повикувам сите корисници на платежните картички на Стопанска банка да ја посетат веб-продавницата и да ја разгледаат уникатната понуда на Philips премиум производите. Убеден сум дека ова е уште една поволност која ќе им покаже дека во сите наши идеи и планови, тие се на првото место “, изјави Стефан Пепоски, Директор на Дирекција за управување со картични производи на Стопанска банка.

Доставата на производите ќе се врши преку пошта за најмногу 5 дена од продажбата, што дополнително го олеснува пазарувањето и го прави уникатно искуство и доживување.

„Нашата мисија е да бидеме што подостапни за граѓаните и сите наши капацитети, можности и потенцијали да ги ставиме во функција на олеснување на купувањето. Online купувањето е се поприсутно и веќе ја надминува трендовската димензија со тоа што стана реална потреба во брзото секојдневие, а Техномаркет одамна го започна процесот на прилагодување со опцијата за онлајн купување. Предноста на оваа продавница е што е тематски и содржајно дефинирана, и што купувачите ќе ја имаат единствената можност за навистина премиум PHILIPS производи за 40 отсто пониска цена, тоа е возможно само во www.lojalnaprograma.mk “, изјави маркетинг менаџерот на Техномаркет.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×