Стопанска комора на Македонија: Прво рационализација на расходите и државната администрација, после зголемување на даноци
Објавено на од во Економија
Комора влада

Стопанската комора на Македонија, која ги претставува најголемите компании во земјава, вчера попладне одржа вонредна седница на која Управниот одбор и потпретседателите на Комората разговараа за ефектите кои предложените даночни реформи во саботата од страна на министерот за финансии ќе ги имаат врз бизнисот.

На средбата присуствуваше и министерот за финансии Драган Тевдоски кој лично ги слушна забелешките на бизнисмените.
Од Стопанската комора остануваат на ставот за одложување на даночната реформа, барање кое беше усогласено од сите четири најголеми бизнис комори во земјава и потенцираат дека пред да се пристапи кон зголемување на даноците, Владата треба да направи рационализација на расходите и процесите на државната администрација.
Во прилог целосно ги пренесуваме заклучоците кои беа донесени :

  1. Стопанската комора на Македонија, како најстара, најбројна и најзначајна бизнис асоцијација во земјата, која претставува повеќе од 15.000 компании-членки, смета дека најсоодветен начин за уредување на прашањето за обезбедување дополнителни средства во буџетот на Република Македонија во насока на обезбедување подобар квалитет на јавните услуги е прво да се искористат сите расположливи можности за рационализација на расходите, а пред сé рационализација на процесите на државната администрација, пред да се пристапи кон воведување поголеми обврски за субјектите во системот и поголемо даночно зафаќање, особено ако се има предвид континуираниот тренд на раст на сите даночни приходи во буџетот во периодот 2005-2017 година.
    Foto Prihodi
  1. Искуствата покажуваат дека системски промени од ваков вид треба да бидат најавени и усвоени многу претходно во текот на календарската година, во партнерски однос, преку усогласување со најзначајниот партнер од деловниот сектор, како би можеле субјектите навремено да го усогласат своето работење. Во конкретниот случај, предложената даночна реформа е презентирана на почетокот на месец ноември, на помалку од 60 дена до започнувањето на новата фискална и даночна година, во време кога голем број од деловните субјекти веќе ги имаат утврдено финансиските планови за следната година, што има сериозни импликации врз предвидливоста и стабилноста на деловното опкружување.
  1. Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија смета дека најдобриот начин за усогласување на ставовите по однос на ова прашање е Барањето доставено до Владата на Република Македонија во септември 2018 година, во рамките на Проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, кој се спроведува со поддршка на американската агенција за меѓународен развој УСАИД. Во поднесеното Барање, четирите комори во државата заеднички побараа одложување на реформата за воведување прогресивно оданочување. При тоа, посочениот период треба да биде искористен за спроведување на широки консултации со сите засегнати страни, вклучувајќи ја и бизнис заедницата, во насока на согледување не само каков ќе биде планираниот ефект врз приходната страна на буџетот, туку и какви ќе бидат ефектите врз севкупното деловно опкружување и продуктивноста на македонската економија.
    .
  2. Стопанската комора на Македонија никогаш, па ниту сега не е против вложувањата во унапредувањето на социјалниот, образовниот и здравствениот систем. Напротив, секогаш силно ги поддржува ваквите активности и е социјален партнер во нив. Сепак, мислиме дека предложените мерки подобро би се имплементирале доколку предлагачот ги земе предвид предлозите и мислењата на бизнис заедницата.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×