Странските партнери веќе не карактеризираат како „ризично подрачје“
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Компаниите од Стопанската комора стравуваат дека одземањето на препораката за претпристапни преговори со ЕУ ќе се одрази на: губење на постојните и потенцијалните странски партнери со кои соработуваат или планираат да соработуваат македонските компании и намалено производство и отпуштање на работници .Ова го покажува анкетата направена од Стопанската комора презентирана денеска на 94- годишнината од нејзиното постоење.

Според Билјана Пеева-Ѓуриќ од СКМ веќе има примери од компании на кои во контактите со странските партнери им е наведено дека како земја сме окарактеризирани како „ризично подрачје“.

„Затоа кај странските партнери, независно дали се од ЕУ или од поблиското опкружување, се јавува резервираност во соработката поради постоење ризик од ненавремена испорака на производите или неможност за реализирање на планираниот извоз заради ненеавремено снабдување со потребните суровини кои се увезуваатова би можело во голема мера да влијае на нашата надворешно- трговска размена со земјите на ЕУ , а најзагрозени би биле компаниите кои соработуваат и извезуваат во ЕУ како  металската и електро индустријата, текстилот прехранбената индустрија и земјоделскиот сектор“ – изјави Пеева-Ѓуриќ .

Скоро половина од анкетираните компании од Стопанската Комора се пожалиле на проблеми со ликвидноста.

„Потенцирана е намалена речиси невозможна наплата од јавниот сектор, а неплатени долгови кон компаниите имаат и домашните и странски партнери. Дополнително домашните компании имаат авансно плаќање за набавки на суровини и репроматеријали од една страна од друга страна, пак купувачите се почесто бараат одложено плаќање кое се оправдува со намалениот промет“ велат од комората.

Анкетата уште покажува дека: странските инвеститори покажале одредена доза на резервираност за натамошно инвестирање во земјава.

По повод годишнината на компании и поединци им беа доделени награди.Наградени беа:ЗК „Пелагонија“ од Битола, ЕЛЕМ од Скопје, Агенцијата за нрана и ветеринарство, компанијата Инфо-Биро и Димитар Манџунков.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×