Стопанската комора со награди за најсупешните компании и бизнисмени прослави 97 години постоење. Еве кои добија награди…
Објавено на од во Компании

Стопанската комора на Македонија денеска го прослави 97 години од основањето и по тој повод беа доделени повеќе награди на најуспешните компании и бизнисмени за изминатата година.
Stopanska Komora 2
На настанот на кој присуствуваше бизнис елитата од Македонија, но и многу гости од регионот беше одбележани почетоците на коморцкото организирање на Македонија, а акцентот беше ставен на подобрување на регионалната економска соработка и побрзувањето на компаниите од регионот, како и на формирањето на единствено регионално економско подрачје.
“Наша заедничка цел како мала земја е да постигнеме повисоки стапки на раст од просекот на регионот, да ги стимулираме оние што создаваат нова вредност, а тоа е реалниот сектор”, изјави Бранко Азески, претседателна Стопанската комора на Македонија. Традиционално Стопанската комора на Македонија како и секоја година досега, и денеска додели награди и признанија за најсупешните компании и бизнисмени за изминатата година.
Stopanska Komora 3Фармацевтската компанија Алкалоид ја доби наградата на Стопанската комора за компанија со најголеми реализирани инвестиции. Алкалоид минатата година инвестирал 18 милиони евра, а токму контниуираните инвестиции и добриот менаџмент се причината заради која Алкалоид денес е 6-то рангирана компанија во фармацевтската индустрија во регионот на Југоисточна Европа, со 17 подружници и еден производствен капацитет во странство и со продажби на производите на преку 30 пазари во светот. Компанијата Џонсон Мети ја доби наградата за најголем нето извозник во Македонија. „Џонсон Мети“, кој ја отвори својата прва фабрика во Македонија во 2010 година е најголемиот инвестициски проект, а воедно и најсофистицираната и најнапредна фабрика на „Џонсон Мети” во светот и важи за најголем извозник од Македонија. Една третина од сите нови возила во светот имаат вградено катализатори од „Џонсон Мети”.

Хари Костов, претседателот на Управниот одбор на Комерцијална банка ја доби наградата за долгогодишна коморска активност, заради активностите и учеството во работата на органите, телата и облиците на организирање и работење на Стопанската комора на Македонија повеќе од 15 години.

Награди за најсупешни стопанственици добија и Андреја Јосифовски, претседател на Управниот одбор на Макпетрол и Мите Шапковски, основач и сопственик на Металпромет од Струмица. Компнијата Сеавус доби награда за најсупешна компанија, заради докажано искуство во успешни бизнис софтверски решенија. Компанијата Сеавус брои преку 900 ИТ-специјалисти ширум светот и нуди широк спектар на софтверски производи, решенија и услуги, успешно покривајќи го европскиот и американскиот пазар преку неколку канцеларии и претставништва во светот. Во портфолиото на „Сеавус“ се вбројуваат над 3.500 клиенти, меѓу кои светски телеком оператори и производители на мобилни и електронски уреди, организации од банкарскиот и финансискиот сектор, технологија, образование, здравство, итн.

Специјално признание за развој на дуалниот модел на образование во Македонија добија компаниите Костал, ЛТХ Леарница и ДММ Деркслмајер. Признанија за инвестиции во странство, што ќе поттикнат извоз на македонски производи добија ланецот на супермаркети КАМ, кој има инвестирано во проширување во Бугарија и Косово над 6 милиони евра и Даути Комерц за неговите активности на ширење на пазарите во Црна Гора и Албанија.
Stopanska Komora 4

Арчелор Митал беше наградена како компанија со најголем број учесници на едукативните настани во Стопанската комора, а УСАИД и Амбасадата на Швајцарија добија специјални признанија за успешна соработка при заедничка реализација на проекти. Специјални признанија за унапредување на регионалната економска соработка и работењето на Коморскиот инвестиционен форум добија Марко Чадеж, претседател и Сафет Ѓергалиу, генерален секретар на Коморскиот инвестициски форум, како и Андреј Јовановиќ, генералниот директор на холдинг компанијата Мои Брендови, која ги обединува брендовите Бамби, Књаз Милош и Имлек.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×