Британски компании се селат во Бугарија поради Брегзит
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Во последниве 3 години по референдумот за излез на Велика Британија од ЕУ, 2.400 нови британски компании се регистрирани во Бугарија.

1.11.sofija-pasosi

Софија, Бугарија

Во моментов во Бугарија има 16.452 компании со удели на граѓани и фирми од Островот, додека пак во 2016-та биле 14.050, а за последната деценија бројот им се зголемил за 24%, според извештајот на компанијата за кредитни осигурувања “Coface Bulgaria”, цитиран од Монитор.

“Растот може да се објасни и со имотниот бум од пред неколку години кога редица фирми беа регистрирани во земјата поради зголемениот интерес на Британци за живеалишта во Бугарија“, појасни директорката на „Coface Bulgaria“,  Милена Виденова.

На прашањето дали се очекува заминување на британски компании поради Брегзит, Виденова коментира дека напротив, очекува обратна тенденција.

„Ако нема договор со Обединетото Кралство и ако не се договорат трговските односи, бизнисот со оваа држава ќе биде на иста основа како и со Кина, САД и други земји што немаат договори со ЕУ. Велика Британија како развиена економија не може да биде вклучена во листата на земји за кои од ЕУ се применуваат  намалени или скоро нула царински давачки за увоз на стоки“, коментираат од бугарската Комора за трговија и индустрија.

Од друга страна, според Комората, Бугарија ќе треба да ги адаптира билатералните односи со В.Британија во случај да не се постигне заеднички договор во рамките на ЕУ за различни сфери – оданочувањето, лековите, транспортот, ИТ, почитување на регулативата за личните податоци и многу други регулаторни режими.

“Од трговска гледна точка, сега е важно дали же бидат воведени царини за В.Британија од страна на ЕУ. Моите очекувања се дека бројот на фирмите што ќе излегуваат од  В.Британија ќе расте,  а не дека ќе се намалува.“, вели Виденова.

За 10 години, приходите на  компаниите во Бугарија со британски капитал се зголемија за 27%, т.е, на 10,2 милијарди лева (5,1 милијиарди евра) во 2017 година. Извозот пак,  на бугарските фирми во В. Британија за истиот период учествува со скромни 2,4% во вкупниот извоз на земјат . Увозот  од В.Британија учествува  само 1,6%. Извозот изнесува 1,14 милијарди лева (557 милиони евра), а увозот изнесува 770 милиони лева (385 милиони евра) во првите десет месеци од 2018 година. Трговскиот биланс е позитивен, со раст од 338 милиони лева (169 милиони евра), растејќи со 22 % споредено со претходната годината.

Според економското истражување на Eurochambers economic survey, кое го организираат Стопанските комори во Европа кон крајот на 2018 година, се очекува Брегзит да биде најсериозен предизвик во земјите како што се Ирска, Малта, Кипар, Полска и Италија, додека во Бугарија само 1%  од фирмите го посочуваат Брегзит меѓу трите најсериозни пречки за нивниот бизнис во 2019 година.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×