Странски инвеститори бараат од Хрватска повеќе од милијарда евра отштета за пропаднати проекти
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Во девет спорови што  пред меѓународни арбитражни судови се покренати против Хрватска, странски инвеститори бараат вкупно отштета од 1,12 милијарди евра. Најголем поединечен барање од 200 милиони евра покрена канадскиот инвеститор Хакон Корсгард кои бараат отштета за купени недвижнини на српски фирми на Јадран. Некои од споровите се во почетна фаза, додека за две веќе се донесени неправосилни одлуки поволни за Хрватска.
Croatia5Зависно од арбитражна клаузула, постапките може да се водат пред Меѓународен центар за решавање инвеститорски спорови во Вашингтон (ИЦСИД) или според Арбитражни правила на Комисија на ОН за меѓународно трговскои право (УНЦИТРАЛ).
Против Хрватска има девет спорови – 8 пред ИЦСИД и еден пред УНЦИТРАЛ во кои инвеститори бараат надомест на штета од 1,12 милијарди евра.
Речиси половина од барањата се однесуваат на тужби на четири банки поради присилна конверзија на кредити во швајцарски франци.
Вкупната висина на барањата за надомест на штета на сите банки е 460.7 милиони евра. Најголема отштета од 201,1 милион евра бара австриската Адико банка.
Лани се собирале докази и се подготвувал одговорот на тужбата. Сопственикот на Загрепска банка Уникредит Банка Австрија бара 137 милиони евра, а по тој предмет ДОРХ (Државното обвинителство на Хрватска) веќе има одговор на тужбата и презеле правни чекори за подготовка на рочишта.
Помали суми бараат сопствениците на Рајфајзен банка (64,5 милони евра) и Ерсте банка (57,1 милиони евра). Во тие предмети е прифатен приговор за ненадлежност и се чека одлука на трибуналот.
Најголемо поединечно барање за отштета од 200 милиони евра покрена канадскиот инвестиутор Хакон Корсгард во арбитражен суд на ОН повикувајќи се на наводна повреда на договор меѓу хрватската и канадската влада за поттикнување и заштита на инвестиција. Канаѓаните тврдат дека им е оневозможено стекнување право на сопствеништво врз недвижности во Хрватска кои претходно биле општествена сопственост со право на користење на фирми од Србија. Косгард стекнале недвижности на српски фирми на Јадран кои Хрватска во 1992 година ги национализирала.
Меѓу арбитражите се и две што се во завршна фаза.
Станува збор за тужби на Георг Гавриловиќ и холандскиот сопственик на СитиЕкс.
Гавриловиќ на тужеше Хрватска за надмоест на штета од 198,5 милиони евра. Хрватска го загуби спорот, но треба да исплати само околу 3 милиони евра отштета и судски трошоци од 2,8 милиони евра.
Во спорот со сопственикот на СитиЕкс се бара исплата на 53 милиони евра поради наводна нелојална конкуренција на пазарот на поштенски услуги и арбитражен суд во Вашингтон пресуди во корист на Хрватска, но побара државата да му плати на тужителот надомест за постапката од 555 илјади долари и 3,66 милиони евра.
Преостанатите два спора се во почетна фаза на решавање.
Инвеститори бараат отштета од 123 милиони евра за пропаднат проект за голф во Дубровник. Холандската фирма Елитех и домашната фирма Голф развој, тврдат дека инвеститорите за 10 години вложиле значајни средства за голф проекти на подрачјето на градот Дубровник, а проектот не се реализирал поради акции на невладини организации, популистички групи и одредени влијателни политичари кои сите заедно создале негативна клима во однос на проектот и влијаеле на донесување одлуки на управни тела и судови за да не биде одобрен проектот. Тие сметаат дека поради такви активности се лишени од права на очекуван профит од вредноста на голф проектите.
Во другиот неодамна почнат спор холандската фирма Амлин Холдинг бара надомест на штета од 85 милион евра поради тоа што Хрватска ги прекршила одредбите од Европската енергетска повелба бидејќи со произволни промени на правни рамки оштетила како инвеститори додека истовремено фаворизирала други инвеститори.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×