Странските директни инвестиции на светско ниво паѓаат: Најмногу погодени развиените земји
Објавено на од во Компании

Даночната реформа на претседателот Доналд Трамп во САД е главната причина за овој остар пад којшто се надоврза на падот од 23% во 2017 година, затоа што американските компании почнаа да ги враќаат парите во матичната земја, објаснуваат од UNCTAD, светската организација за трговија и развој при ООН.

 

Stock market graph and bar chart price display

 

 

 

 

 

Бројки

470
милијарди долари изнесуваат вкупните СДИ во првата половина од 2018

41%
е помала вредноста на вкупните СДИ во однос на лани

69%
е падот на СДИ во развиените земји

4%
е падот на СДИ во земјите во развој

81
милијарда долари одлив на СДИ има Ирска, најмногу од сите

 

Странските директни инвестиции (СДИ) на светско ниво паднале за 41% на 470 милијарди долари во првите шест месеци годинава, што е најниско ниво од 2005 година, според прелиминарните податоци на UNCTAD, Агенцијата на ОН за трговија и развој.

Даночната реформа на претседателот Доналд Трамп во САД е главната причина за овој остар пад којшто се надоврза на падот од 23% во 2017 година, затоа што американските компании почнаа да ги враќаат парите во матичната земја, што за минатата година изнесуваше 217 милијарди долари, рече шефот за инвестиции во UNCTAD, Џејмс Џан, пренесува Ројтерс.

“Инвестициските текови се повеќе под влијание на политиката, а помалку на економските циклуси“, рече Џан на прес конференцијата, наведувајќи ги како илустрација даночните реформи во САД и економската либерализација во Кина.

“С$ на с$, сликата е мрачна, а ни перспективите не се нешто оптимистични“, додаде.

Странските директни инвестиции, коишто вклучуваат купување на компании во странство, позајмици на едно друштво на друго во рамки на иста компанија, како и вложување во нови проекти во странство коишто тргнуваат од нула (гринфилд инвестиции), претставуваат столб на глобализацијата и потенцијален сигнал за раст на корпоративните синџири на снабдување и идни трговски врски.

Fokus za vnatre

Но, тие може да одат и во спротивна насока кога компаниите се повлекуваат од странските проекти или ја враќаат заработката во татковината. Такви пресврти би можеле да го еродираат значењето на меѓународните синџири на снабдување, чиешто значење како двигател на меѓународната трговија растеше до 2011 година, а оттогаш стагнира, истакна Џан.

Ирска најголем губитник на СДИ во Европа

Со оглед на тоа што американските компании ги повлекоа профитите од странство во матичната земја во првата половина од годинава, Кина стана водечка дестинација за СДИ со прилив од 70 милијарди долари, што е раст од 6%. Земјите во развој привлекоа двојно повеќе СДИ од износот што го забележаа сите развиени земји заедно. Имено, државите во развој забележаа само незначителен пад на вложувањата, за 4%, на 310 милијарди долари.

Од друга страна, приливот на СДИ во Европа падна за 93%, при што Ирска, традиционалната европска база за многу американски мултинационални компании, забележа негативен скор од 81 милијарда долари, а Швајцарија загуби 77 милијарди долари.

Британија, меѓутоа, скокна на второ место на глобалната СДИ ранг листа со 66 милијарди долари прилив, бидејќи меѓународните корпорации ги префрлаа парите во оваа земја преку внатре – компаниските позајмици.

Соединетите држави се на трета позиција со 46,5 милијарди долари прилив. Четврта е Холандија, којашто привлече 44,8 милијарди долари СДИ, а меѓу првите десет се уште и Австралија (36,1 милијарди долари), Сингапур (34,7 милијарди), Хонг Конг (33,6 милијарди), Шпанија (29,8 милијарди), Бразил (25,5 милијарди) и Индија (21,6 милијарди).

Падот на вкупната вредност на СДИ е во спротивност со трендовите на прекугранични спојувања и преземања (M&A) и објавените гринфилд инвестиции. Спојувањата и преземањата останале горе-долу на иста вредност како првото полугодие лани, 371 милијарди долари, додека гринфилд инвестициите пораснале за 42%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×