Странските инвеститори ги заглавија домашните банкари и добавувачи
Објавено на од во луѓе и компании

FENI Kavadarci_24 WEB“Фени одисеја 2017“: Отворена претстечајна постапка за комбинатот

Четириесет милиони евра долг кон Комерцијална, Стопанска – Скопје и Силк Роуд банка и уште 20  милиони евра кон добавувачи, транспортери, итн., е долгот на Фени индустри, комбинатот за производство на фероникел од Кавадарци. По барање на најголемите доверители, Основниот суд во Велес отвори претстечајна постапка и го замрзна располагањето со имотот на компанијата. Следи период во којшто и финансиската полиција и УЈП треба да откријат што сè се правело во комбинатот последниве две години откако почнуваат проблемите во работењето.

 

Фени индустри, комбинатот за производство на фероникел од Кавадарци, треба да добие нов инвеститор што ќе ги преземе обврските кон доверителите во износ од 60 милиони евра, од коишто 40 милиони се кон три банки -  Комерцијална, Стопанска – Скопје и Силк Роуд, а останатите 20 милиони евра кон добавувачи, транспортери итн. За да се направи реструктурирање на комбинатот банките деновиве поднесоа барање за стечајна постапка до надлежниот суд во Велес.

Судот веднаш потоа одлучи да поведе претходна постапка за испитување на условите дали ќе се отвори стечајна постапка за Фени индустри. За привремен стечаен управник е назначен Мирослав Атанасиевски од Гостивар, а рочиштето за испитување на условите за отворање стечајна постапка е закажано за 13 ноември во Основниот суд во Велес. Заради обезбедување на сè што е во сопственост на фабриката, покрај општата забрана за располагање со имотот определени се и мерките забрана за одредување или спроведување на присилното извршување или обезбедување против должникот и  се забрануваат исплати од сметката на должникот.

Фени престана со производство на почетокот од септември, а единствената линија што работеше се одржува на минимум, колку да не се упропасти опремата заради специфичноста на технолошкиот процес.

Пред да поднесат банките барање за стечај над Фени, како нов инвеститор се споменуваше бугарската компанија Енекод, којашто според најголемите доверители не покажала сериозни чекори за преземање на Фени, иако во Централниот регистар таа пред неколку дена запиша нови членови на управата на кавадаречката фабрика.

Од синдикатот пак на Фени, велат дека банките поставиле нереални барања за гаранции до бугарскиот инвеститор.

“Тоа го прават сè со цел Енекод да се откаже од купувањето на Фени. Бугарскиот инвеститор веќе потпиша договор за купување на Фени и тој договор е во сила. Тие не се откажани од преземање на комбинатот, само се прават манипулации за на крајот да се откажат“, изјави деновиве претседателот на Синдикалната организација на Фени Индустри, Ѓоре Палитов.

Feni rezultati Tabela WEB 01Сопственикот на Фени уапсен за перење пари во родниот Израел

На брифинг со медиумите на почетокот од неделава, генералниот директор на Комерцијална банка, еден од главните доверители на Фени, објаснуваше зошто дошло до нивно барање за стечајна постапка на комбинатот.

Проблемите почнале во 2015 година кога доминантен сопственик на фабриката станува IMR – International Mineral Resources, која што дотогаш ја управува Фени преку партнерство со Cunico Resources, компанија во сопственост на израелскиот бизнисмен Бенјамин Штајнмец. Штајнмец, инаку, во август годинава во Израел беше уапсен од тамошните власти заради сомневања за перење пари. IMR пак, е дел од групацијата ENRC – Eurasian Natural Resources Corporation, во сопственост на тројца милијардери од Казахстан. Поради несогласувања токму околу  сопственоста, имале судски спор во Амстердам, Холандија, каде што е регистрирана Cunico.

“Во 2015 година судот во Холандија донесе одлука со која Казахстанците  станаа доминантни сопственици на Фени  со условена обврска да отворат сметка со 68 милиони евра. Фени  требаше да има можност да повлекува средства од оваа сметка за тековното работење и за покривање на долговите доколку има потреба. Од овој износ не е повлечен ниту еден долар. Напротив, раководството на фабриката за покривање на долговите трошело средства од резервите и од производите. Резервите се во залог кај банките и трошењето без наша согласност е кривично дело. Ниските цени на никелот што се задржаа подолг период го доведоа Фени  на работ на рентабилноста и затоа што се истрошија суровините и резервите на готови производи  фабриката не можеше да ги намири долгот кон банките, долгот за струја, долгот кон превозниците и долгот за суровини“, објасни Костов.

Сметката од 68 милиони евра, која била услов за доминантен сопственик на Фени, како што потврди и претставникот на Силк роуд банка, не била чепната иако цело време му стоела на располагање на раководството.

„Сопствениците си назначија своја управа за повлекување на средствата, која не ги побара заклучно со истекот на рокот до кој беа обврзани да ја имаат заклучно со 2016 година. Кога истече рокот, си ги повлекоа парите во целиот износ, без да вложат ниту едно евро во Фени. Кога исцрпеа сè, ни кажаа дека не можат да ни платат’“, објасни претставникот на банката Силк Роуд.

Откако  ги утврдиле проблемите на комбинатот, банките имале неколку состаноци на кои се обидувале да најдат решение. На некои од нив имало претставници и од Владата. Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, вели дека учествувале на состаноците со цел да го заштитат интересот на вработените во фабриката, на банките и на македонската економија за која, според него, пропаѓањето на Фени може да биде сериозен удар.

„Разговаравме со Cunico  и од таму се согласија да ја продадат фабриката за 1 долар на фирма што ќе може да ги преземе сите обврски. За продажба на фабриката одлучува раководството и тие одлучија тоа да биде бугарски Енекод“, рече вицепремиерот Анѓушев.

Feni frejm WEB 01
Банките се сомневаат  дека бугарска Енекод може да ја менаџира Фени

Иако бугарски „Енекод“ се претставува како  новиот сопственик на „Фени“, банките тврдат дека таква согласност не дале и се сомневаат дека со оваа фирма може да постигнат договор за продажба.

„Во досегашните преговори со оваа фирма побаравме отплата на дел од обврските и репрограмирање со бизнис-план кој би бил доказ дека може да обезбедат дополнителни средства и доказ дека може да овозможат комбинатот да продолжи да работи. Преговорите завршија без успех. Енекод понуди минимални плаќања, немаше бизнис-план за работењето, немаше обрт на средства. Се сомневаме дека Енекод е доволно силна за да ги преземе обврските. Јавија дека ги исплатиле платите, но тоа го направија со заем од други компании. Фирмата воопшто не е регистрирана во Централен регистар (подоцна Енекод направи промена на менаџерите на Фени во Централен регистар, н.з.). Според договорот за кредитирање, банките имаат право врз основа на нивна процена на новиот сопственик да му дадат согласност за продажба. Се појавија информации дека Енекод  е новиот сопственик, но тоа не е точно. Информираа и дека преговараат со некои Кинези, но нема трага и од нив“, рече Хари  Костов.

Тој нагласува дека барањето за реструктурирање и репрограмирање на долгот на Фени со отворање стечај не значи стопирање на фабриката за банките да си ги наплатат долговите, туку простор да се најде силен инвеститор кој ќе може да ја преземе обврската.

Вицепремиерот Анѓушев, пак, рече, дека Енекод  била само една од три фирми со кои раководството на Фени  преговарало за продажба. Вели дека претстои пораст на цената на фероникелот, што ја прави фабриката исплатлива и рентабилна и покрај долговите. Претставникот на Силк роуд рече дека банките се отворени за преговори со секој што е подготвен да ги сервисира долговите и да гарантира дека нема да се затвори фабриката. Банките на ја исклучуваат можноста и за повторни преговори со Енекод , но најавија дека согласност ќе дадат ако бидат исполнети нивните услови.

Во меѓувреме изминативе две недели во Фени  влегле Финансиска полиција и Управата за јавни приходи, кои ги истражувале случувањата во комбинатот. За наодите, Анѓушев најави дека институциите ќе информираат на посебни прес-конференции.

„Ќе кажам само дека Фени  нема дадено завршна сметка. Некој тоа го толерирал“, рече Анѓушев.
За сè што не е почитувано и за секое прекршување на законите, Анѓушев рече дека ќе бидат поведени соодветни постапки. До затворањето на овој текст раководството на фабриката беше недостапно за коментар на состојбите. Со нив контакт не успеале да воспостават ниту преставниците од Владата, кои ги побарале за заедно со банките да ја престават состојбата во Фени.


Feni za ramkata WEBКој е кој во “случајот Фени“

Сопственикот на Cunico Resources, компанијата што практично до вчера го поседуваше комбинатот Фени, е контроверзниот израелски бизнисмен Бенјамин Штајнмец, два пати апсен заради корупција и перење пари, а во Романија му судат во отсуство заради вмешаност во финансиска измама поврзана со недвижности, тешка 150 милиони евра.

Cunico Resources, компанијата што го презеде комбинатот Фени во 2004 година, е во сопственост на израелскиот милијардер Бенјамин Штајнмец  и работи во секторот истражување, копање и производство на фероникел. Добавувач е на неколку големи производители на нерѓосувачки челик (каде што никелот е компонента, н.з.) во Шпанија, Германија, В.Британија, Шведска, Италија, Белгија, Кина, Индија, Јужна Кореја и Тајван. Компанијата е со седиште во Амстердам, Холандија, а има канцеларии за маркетинг и продажба во Дубаи и филијала во Гватемала. Cunico Resources N.V. работи на пазарот како џоинт венчр помеѓу IMR International Mineral Resources AG  и BSG Resources Limited. Сопственикот на Cunico, Штајнмец, во август годинава во Израел беше уапсен заедно со уште три други лица, поради основани сомневања дека перел пари поврзано со бизнис интереси во Гвинеја, Африка. Штајнмец бил апсен и претходно, во декември 2016, за наводна корупција, исто така поврзано со експлоатација на железна руда во Гвинеја. Штајнмец, исто така, во отсуство му судат и во Романија заради наводната вмешаност во голема измама поврзана со недвижности во Букурешт, заедно со уште двајца Израелци.

 International Mineral Resources

IMR AG, компанијата што била практично еден од партнерите на Cunico Resources во Фени, е со седиште во Швајцарија, активна во рударството и експлоатација на минерали. Таа функционира како дел од големата групација Eurasian Resources Group – ERG, основана од тројца бизнисмени со потекло од поранешниот СССР, поточно Казахстан – Александер Машкевич, Паток Чодиев и Алијан Ибрагимов, познати како “Тројката“, коишто станале милијардери во контроверзните процеси на приватизација на природните ресурси и комбинати за нивна преработка во Казахстан во 90-те. ЕRG има преку 75.000 вработени во повеќе земји, и годишни приходи од преку 7 милијарди долари.

Enekod

Бугарската компанија Енекод, до  моментот на затворање на овој текст во вторникот, с$ уште тврдеше дека е нов сопственик на Фени, иако најголемите доверители, банките, не се согласуваа со тоа, а надлежниот суд во Велес покрена претстечајна постапка во комбинатот. На вебсајтот на Енекод пишува дека е тоа компанија регистрирана за трговија со струја и не се споменуваат никакви искуства во металуршката индустрија. Кога се објави првпат името на оваа компанија како нов сопственик на комбинатот, некои медиуми пренесоа дека поседува 35 компании во Бугарија во различни бизнис области.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×