Странските инвеститори со црни прогнози за економијата ако Македонија ја пропушти шансата за влез во ЕУ
Објавено на од во Економија

Странски инвеститориДоколку Македонија ја пропушти шансата за влез во ЕУ, земјата ќе го изгуби кредибилитетот, а со тоа и довербата и вербата во иднината. Дури една милијарда евра финансиска помош од ЕУ за различни проекти, нема да дојдат во Македонија. Стабилноста на денарот би можела да биде нарушена, притисокот врз банкарскиот сектор ќе се зголеми. Ова се само некои од пораките кои денеска на прес конференција отворено ги изнесе Штефан Петер, претседателот на Советот на странски инвеститори во врска со негативните последици за македонската економија од евентуален неуспешен референдум.

На прес-конференцијата во Стопанската комора на Македонија, Петер посочи дека како странски инвеститор и претседател на Советот за странски инвеститори сака да ја види Македонија интегрирана во Европската унија бидејќи со тоа ќе има подобри деловни услови и за бизнисмените и за вработените.

“Секој може да донесе одлука во недела, но не е важно само како ќе гласате. Прво, важно е да излезете на гласање и активно да учествувате во демократијата. Потоа немојте да бидете себични и да разлислувате само за себе, туку размислете и за последиците од вашиот глас за иднината. За да функционира демократијата, мора да бидеме нација која учествува, а  не само да набљудуваме. Оној кој не гласал, го губи правото да се жали”, порача Петер.
По 30 септември, како што посочи, животот продолжува, но не е сигурен дали Македонија би можела да живее во поповолни услови доколку не е дел од Европа.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×