Странските кредитори обезбедија пари за цел буџетски дефицит
Објавено на од во АНАЛИЗА

50 euro banknote background close-upКредитна поддршка и за буџетот и за фирмите

Државата може да смета на финансиска помош од околу 726 милиони евра од меѓународни институции, сума што целосно може да го покрие буџетскиот дефицит годинава кој што според проценките на ММФ ќе изнесува токму толку. Засега потврда за финансиска помош стигна од неколку извори. Најпрво, ММФ ни одобри заем од 176,5 милиони евра, што е двојно повеќе од првично бараниот износ, односно тоа е максималната квота што може да ја добие земјава. Потоа и Светска банка најави дека разгледува програми за финансирање на земјата во вредност од околу 140 милиони евра. И Европската Комисија потврди дека одобрува 160 милиони евра за макро – финансиска стабилност на земјата, а Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) уште 250 милиони евра како дел од Пакетот за солидарност. Но, освен за државата, кредитите се потребни и за приватните фирми. Развојната банка објави дека одобрила вкупно 2,2 милиони евра за 254 фирми, а разгледува апликации на уште 1.300 компании за да исплати вкупно 9 милиони евра.
Државата може да смета на финансиска помош од околу 726 милиони евра од меѓународни институции, сума што целосно може да го покрие буџетскиот дефицит годинава кој што според проценките на ММФ ќе изнесува токму толку.
Засега потврда за финансиска помош стигна од неколку извори. Најпрво, ММФ ни одобри заем од 176,5 милиони евра, што е двојно повеќе од првично бараниот износ, односно тоа е максималната квота што може да ја добие земјава.
Овие пари се повлечени со каматна стапка од 1,05% и рок на отплата од пет години а треба да помогнат за ублажување на негативните ефекти од здравствената криза со коронавирусот и дополнителна поддршка и на макроекономската стабилност.
Потоа и Светска банка најави дека разгледува програми за финансирање на земјата во вредност од околу 140 милиони евра.
„Светската банка ја финализира програмата на активности за да ѝ помогне на Северна Македонија да се справи и да го намали влијанието од кризата, што вклучува и нов брз проект како одговор на итните приоритети во здравствениот сектор, но и за заштита на приходите на домаќинствата, како и реструктуирање на веќе одобрени проекти за мобилизирање на средства за поддршка на малите и средни претпријатија. Се очекува овие програми да изнесуваат околу 140 милиони евра“, велат од оваа меѓународна финансиска институција.
Krediti 1-2И Европската Комисија деновиве потврди дека одобрува 160 милиони евра за макро – финансиска стабилност на земјата.
Уште четири држави од регионот би требало да добијат помош и тоа Албанија од 180 милиони, Босна и Херцеговина 250 милиони евра, Косово 100 милиони евра и Црна Гора која би требало да добие 60 милиони евра.
Ова е дел од новата стратегија позната како Тим Европа на Европската Унија, чија цел е да им се помогне на земјите партнери.
„Европската солидарност не застанува на границите на Унијата. Затоа што во оваа глобална криза стоиме или паѓаме заедно. Европската Комисија презема одлучен чекор да им помогне на десет од нашите соседни земји во нивната борба против коронавирусот, ги повикувам Европскиот Парламент и Советот брзо да се усогласат околу овој важен пакет“, изјави еврокомесарот за економија, Паоло Џентилони.
Фондовите би биле на располагање дванаесет месеци во форма на заеми „со многу добри услови“ за да им се помогне на земјите да ги поткрепат итните финансиски потреби, да ја стабилизираат макроекономската состојба и да ги ублажат негативните социоекономски последици од здравствената криза, вели ЕК.
Предлогот сега треба да биде прифатен од страна на Европскиот Парламент и Советот на ЕУ, како двете ко-одлучувачки тела на ЕУ. Комисијата бара од двете институции итно да дадат зелено светло. Првата транша би се ослободила штом биде усвоен предлогот, а втората транша од септември оваа година или почетокот од 2021, „доколку политичките мерки поврзани за неа се имплементирани навремено“, смета Комисијата.
За Македонија и 250 милиони евра од ЕБОР
Во меѓувреме и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) најави уште 250 милиони евра за нашата земја како дел од Пакетот за солидарност.
Претседателот на ЕБОР, Сума Чакрабарти, најавувајќи ја оваа помош, истакна дека ќе ги поддржи финансискиот и енергетскиот сектор, малите и средни претпријатија, но и големите компании.
Чакрабарти најавил дека ЕБОР ќе го активира Пакетот за солидарност за справување со економските последици од пандемијата КОВИД-19, а значителна поддршка ќе биде ориентирана кон земјите на Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија.
Од Владата соопштија дека дел од оваа поддршка ќе биде насочена и кон инфраструктури проекти, кои во наредниот период треба да се финализираат во тесна соработка со ЕБОР.
Чакрабарти изразил задоволство како македонските власти се справуваат со пандемијата на Ковид-19, како и од преземените мерки за намалување на последиците и истакнал дека ЕБОР останува посветена на поддршката на Македонија во процесот на преговори со ЕУ, а и во најкус период ќе биде потпишан меморандум за соработка за оваа сфера.
Кога се ќе се собере, се доаѓа до сумата од 726 милиони евра, а откако овие пари од концесионалните кредитори станаа извесни, власта го измени планот за задолжување со таканаречениот инструмент bridge to bond со којшто требаше да позајми околу 400 милиони евра од странски банки за да се премости овој период, туку ќе оди директно на издавање на еврообврзница.
Krediti 1-21Министерката Ангеловска ја објасни промената во стратегијата со очекувањето да се стабилизираат пазарите на капитал.
„Тој процес е започнат. Тоа значи дека се подготвуваат сите институции, се прават потребните документи и се следи пазарот. Целиот процес трае од 45 до 60 дена, што ни дава право, кога ќе одлучиме дека е најдобро, согласно движењата на пазарот, дека е најсоодветно да се задолжиме на тој пазар“, изјави министерката за финансии Ангеловска без да прецизира колку пари ќе позајмиме.
Освен на странскиот пазар, државата пред една недела се задолжи и кај домашните банки, со издавање на шестмесечни и едногодишни записи во вредност од 95,5 милиони евра. Во исто време, за отплата доспеаа државни записи во вредност од околу 24,4 милиони евра, што значи дека во државната каса останаа околу 70 милиони евра.
Операцијата за задолжување кај домашните банки се случи и откако Народната банка ја намали основната камата на 1,75% и објави дека ја намалува понудата на благајнички записи за околу 130 милиони евра, со што се ослободи дополнителна ликвидност кај банките, пари што очигледно се префрлаат од трезорот во буџетот.
Пресметките на ММФ покажуваат дека во буџетот ќе фалат токму 727 милиони евра годинава, што значи дека буџетскиот дефицит ќе се искачи на 6,5% од БДП. Останатите задолжувања се планирани за раздолжувања, односно враќање на обврските што доспеваат годинава.
Според ММФ, јавните приходи ќе се намалат за 14,8% во однос на првично планираниот буџет, со што паѓаат во вода сите претходни пресметки дека во државната каса ќе недостигаат над две милијарди евра, односно и до 60% од приходите.
За финансиската кондиција на државата веќе информираше Управата за јавни приходи (УЈП) која обелодени дека приливите од даноци и придонеси се драстично намалени. Во март кога стапија на сила рестриктивните мерки со коишто и се затворија голем дел на објекти, во државната каса се слеале 12,3% помалку пари, додека пак во првите две недели од април, евидентиран е уште поголем кусок од дури 38,2%.
Кредитирањето на фирмите клучно
Освен кредитирањето на државата за да може буџетот да ги финансира соите основни потреби, клучна е и кредитната поддршка за приватните фирми во време на силна економска криза. Но податоците за март што ги објави Народната банка покажуваат само минорен кредитен раст кај корпоративниот сектор од само 1,8% споредено со истиот период лани.
Во меѓувреме, Развојната банка пласираше две бескаматни кредитни линии во вкупна вредност од 13,7 милиони евра.
„Максималниот износ на кредитот кој ќе биде одобрен на кредитокорисникот не може да биде повисоок од 90.000 евра, а минималниот износ на кредитот од 3.000 евра. Кредитите ќе се одобруваат со рок на отплата до 3 години со вклучен грејс период од 12 месеци со намена за обртни средства. Отплатата на кредитот од страна на кредитокорисникот ќе се врши во квартални отплати. Кредитите се бескаматни и без трошоци за администрирање. Ќе бидат обезбедени со меница – авалирана од еден од сопствениците на кредитокорисникот, во форма на нотарски акт и со извршна клаузула“, информираа од Владата.
Досега, одобрени се вкупно 254 кредити во вредност од околу 2,2 милиони евра.
Директорот на Развојната банка, Кире Наумов, вели дека пристигнати се кредитни апликации во износ од околу 9 милиони евра од над 1.300 компании, а се одбиваат само оние кои биле презадолжени и пред пандемијата со корона-вирусот или ако не се дел од туризмот, транспортот и угостителството.
„Уште трае огласот и прибираме апликации. Просечниот кредит по компанија е околу 8.500 евра. Доминантно се кредитни апликации до 5 илјади евра и мислам дека ќе можеме вкупно да поддржиме над 600 компании, односно вкупно 6 до 7 илјади вработени. Еден дел од кредитните компликации се од дејности надвор од линијата, бидејќи во моментов приоритет се угостителство, туризам и транспорт и најголемиот дел од одбиените се тие кои што не ги исполнуваат условите“, изјави Наумов.
Компаниите што биле презадолжени и пред корона кризата се одбиваат, бидејќи како што вели Наумов, не е фер такви компании да ги земат средствата на фирмите кои до пред корона пандемијата, функционирале нормално.
Ваквиот обем на микрокредитирање Развојната банка, вели Наумов, го прави прв пат од своето постоење, а принципот е таков што Кредитниот одбор на Развојната банка ги разгледува апликациите и Владата на седница ги одобрува. Потоа остануваат уште неколку дена до запис на нотар преку меница, која е гаранција за кредитот, па веднаш се исплаќаат средствата.
Гувернерката Анита Ангеловска – Бежоска, во интервју за Капитал ја оцени кредитната активност како солидна, иако и понатаму е присутен трендот на поголема фокусираност на банките кон домаќинствата.
„Меѓутоа, свесни сме дека се соочуваме со голем шок којшто може да има поголеми ефекти врз економијата, пред сѐ на краток рок. Па оттука, реално е да се очекува дека ваквата состојба би имала одраз и врз кредитната активност на банките. Секако, кредитната активност на банките зависи и од растот на депозитната база во претстојниот период, имајќи го предвид влијанието од корона-кризата кој се очекува и врз доходот на економските субјекти“, вели Ангеловска – Бежоска.
Според неа мошне е битно што домашниот банкарски систем е здрав, солвентен и ликвиден и е во подобра позиција од периодот на почетокот на глобалната финансиска криза во 2008 година, што упатува на доволен потенцијал за негово справување со можните неповолни ефекти врз економијата од тековната здравствена криза.
„Ова е резултат на нашите зајакнати регулаторни и супервизорски барања во пост-кризниот период, во линија со зајакнатата европска регулатива, кои придонесоа за натамошно јакнење на отпорноста на банкарскиот систем. Со низата преземени мерки досега од страна на Народната банка, очекуваме да дојде до олеснување на финансиските услови и за граѓаните и за корпоративниот сектор. Очекуваме дека банките ќе ја искористат ослободената ликвидност и активно ќе ги применуваат можностите кои им се ставени на располагање со регулаторните измени, сѐ со цел соодветно да ги поддржат компаниите и граѓаните во справувањето со последиците од корона-кризата, и притоа да се одржи финансиската стабилност“, истакна гувернерката Ангеловска – Бежоска.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×