Страста за вашиот стартап не мора да значи хроничен стрес
Објавено на од во Start-up

StartUp-1Како да не прегорите во вашите претприемачки напори

Што ако хроничниот стрес, напнатост, непреспани ноќи и останатите саможртви што ги прават претприемачите и не мора да се предуслов потребен за успех? И понатаму, што ако е можно да се обучат претприемачите да ги изменаџираат стресовите на претприемништвото, така што да не се изложат на хронични психо – физички проблеми? Во акцелераторот Delta v при школата за менаџмент на МИТ универзитетот во САД, изминатата година, презеле чекори со цел да одговорат на овие прашања, создавајќи прва од ваков вид, истражувачка програма за самосознавање, за да им помогнат на 84 основачи на стартапи и нивните колеги од тимот. Помошта била насочена кон тоа да се развие способност за давање приоритет на сопствената благосостојба додека се гради бизнисот и се мерат резултатите.
Harvard Business Review
Претприемачите се толку страсни за она што го креираат – и честопати, толку исплашени дека ќе го разочараат својот тим и инвеститорите – па се во состојба да сторат речиси се’ за да го реализираат потенцијалот на нивниот стартап. Многубројни се приказните за ваквите жртвувања што може да ги најдеме во блоговите на основачите и во “прошталните писма“ оставени после некој неуспешен стартап, каде што се споменуваат безбројните непреспани ноќи, запоставени пријателства, семејни врски, заборавањето да се вежба, добрата исхрана….се’ ова за доброто на стартапот. Овој пристап на „стартапот пред се’“ може да доведе до хроничен стрес, кој предизвикува штети на физичкото и менталното здравје на претприемачите.
Една студија на Универзитетот на Сан Франциско во Калифорнија (UCSF) открила дека претприемачите можат да бидат склони кон проблеми со менталното здравје повеќе од останатите, а според досегашните искуства, нервозата, недостигот на самодоверба, депресијата и осаменоста се мошне распространети кај претприемачите.
А што ако загрозувањето себеси и не мора да е предуслов потребен за успех? И понатаму, што ако е можно да се обучат претприемачите да ги изменаџираат стресовите на претприемништвото, така што да не се изложат на хронични психо – физички проблеми?
StartUp-2Во акцелераторот Delta V при школата за менаџмент на МИТ универзитетот во САД, изминатата година, презеле чекори со цел да одговорат на овие прашања, создавајќи прва од ваков вид, истражувачка програма за самосознавање, за да им помогнат на 84 основачи на стартапи и нивните колеги од тимот. Помошта била насочена кон тоа да се развие способност за давање приоритет на сопствената благосостојба додека се гради бизнисот и се мерат резултатите. До крајот на програмата, 93% од фокус групата изјавиле дека вежбањето на самосознавањето може да им помогне на претприемачите да создадат поуспешни бизниси.
„Повеќе од сè, тоа му даде на нашиот тим неутрален, заеднички јазик за градење на нашите односи и култура“, вели еден од учесниците во програмата.
Со тренинг за самосознавање до подобро донесување одлуки
При развивањето на програмата, од МИТ велат дека биле свесни оти препорачувањето некакви практики на грижа за себе – во смисла на добра исхрана, правење паузи, медитација пред спиење и сл. – едноставно нема да биде доволно за да се промени всаденото мислење кај претприемачите за тоа дека прекумерниот стрес и постојано жртвување е неминовно при работењето на еден стартап, односно да се убедат претприемачите да потрошат дел од своето и онака ограничено време на нешто друго освен самиот стартап.
StartUp-4Наместо тоа, авторите дизајнирале тест програма со цел да им помогнат на учесниците во акцелераторот да развијат поголема самосвест. Авторите претпоставиле дека доколку претприемачите би разбрале повеќе за сопствената “механика“ – нивните мисли, чувства и автоматските физички и емотивни реакции – тие би можеле да направат подобри лични избори во однос на секојдневните стресови што ги носи претприемништвото. Учесниците требало да научат едноставна рамка за градење на самосвесност:
  1.  Забележување: Обрнување внимание на вашите мисли, чувства и физички дразби во сегашниот момент.
  2. Означување: Доделување едноставна ознака (на пр. „чувствување лутина поради постапка на мојот ко-основач“) на она што го забележувате, секој пат кога ќе забележите.
  3. Покажување љубопитност: Без да судите, осврнете се на обрасците што ги забележувате со текот на времето. (на пр. Хм, се чувствувам прилично напнато поради мојот партнер во фирмата. Зошто е тоа така? Дали очекувам нешто од него/неа и не го добивам, можеби?)
  4. Активно правење на избор: Да се ​​направи избор врз основа на добра информираност, заснован на вашата авто – рефлексија. (на пр. наместо да вријам со овие емоции и понатаму, би можел да разговарам со менторот околу проблемот, како и да седнам со мојот ко-основач за да разговараме за тоа како се чувствувам.)
Рамката на акцелераторот од МИТ е всушност проширена форма на свесност – дефинирана од Џон Кабат – Зин како „обрнување внимание, фокусирано, во самиот момент, без да судите“. За да ја практикуваат рамката, на учесниците им била објаснета и т.н. медитација на свесноста, за којашто е докажано дека го намалува стресот и вознемиреноста и помага во регулирањето на емоциите, меѓу многуте други придобивки. Тие исто така научиле и куси практики на свесност што можат да се интегрираат во нивните животи. Покрај тоа, менторите спровеле и групни сесии, каде се разговарало за клучните предизвици со кои се соочуваат претприемачите. Учесниците можеле да ги искористат овие сесии за малку да ги „испуштат вентилите“ и да добијат фидбек и различни гледишта на проблемите во средина каде што се чувствуваат безбедно и имаат доверба. Овие сесии биле задолжителни, а сè друго било по избор.
Како претприемачите да прават избор што е поздрав за нив
За да го измерат влијанието на оваа методологија врз студентите – претприемачи, менторите ги анкетирале пред и по програмата Delta V, при што 60 учесници одговориле на прашалниците. Резултатите биле видливи.
До крајот на програмата, 88% од учесниците самостојно воспоставиле своја редовна, неделна медитација или некаква мисловна практика. Пред програмата, 65% од испитаните никогаш не медитирале, а само 21% редовно вежбале медитација или самосвесност. Менторите не барале од нив да започнат самите со свои практики. Едноставно им ги претставиле придобивките поткрепени од истражувања и им покажале како е можно да се интегрираат во нивниот веќе исполнет ден. Тие сфатија дека вреди да се обидат и дека не треба да го гледаат тоа како уште една додадена обврска на нивниот список на дневни обврски. Додека некои учесници одлучиле редовно да медитираат, други избраа, на пример, да го претворат своето утринско патување со метрото во една вежба за самосвесност, фокусираност, односно да издвојат 5 минути и да ги начулат сите свои сетила – вид, слух, како ги доживуваат сите тие дразби, итн. А, како што ќе се појавувале мисли или чувства, тие би ги „означиле“ и потоа би се вратиле назад кон фокусирање на околината.
Менторите исто така откриле и дека нивната практика се исплати и создава промена во однесувањето на претприемачите. По програмата, 53% од учесниците почесто користеле некаква алатка или техника за менаџирање на стресот, а 40% биле повеќе свесни за своите емоции. Овие претприемачи правеле активни, од момент – во момент избори со цел да променат своите вообичаени реакции на стресни ситуации.
И конечно, учесниците станале повеќе свесни за себеси преку споделување на своите предизвици едни со други. Една третина од учесниците, изјавиле дека наоѓаат посебна вредност во учењето, другарството и отвореноста што ја доживеале во групите со своите колеги.
„Станав поотворен за споделување на моите внатрешни предизвици со другите“, изјавил еден претприемач.
„Слушањето на гледиштата и приказните на колегите во групата ми помогна да бидам помудар околу тоа како можам да им пристапам на комплицирани прашања со поголема самодоверба“.
StartUp-3Како може самосвесноста да му помогне на поширокиот претприемачки екосистем?
Самосвеста не е магично стапче. Програмата не го намалила целосно стресот. Во пост-програмската анкета направена само неколку дена пред “Demo Day“, кога претприемачите требало да ги претстават своите проекти пред повеќе од 1.000 луѓе, 40% од учесниците во акцелераторот имале повеќе тешкотии да заспијат или да имаат мирен сон, отколку што било случај на почетокот на акцелераторската програма. Но, неверојатно, и во спротивност со претходните искуства од акцелераторските програми, тие направиле активен избор решително да заспијат.
Културата на Delta V се сменила. Додека во претходните години, учесниците ги ценеле своите стартапи како најважни во својот живот, во оваа група, тие не само што ја ценеле сопствената благосостојба, туку тие многу почесто самите нуделе и прифаќале помош. Тие покажале постојано напнати и ненаспани за да ја покажат својата страст кон своите стартапи.
Дали стартапите во од оваа група ќе бидат повеќе или помалку успешни од групите пред нив? Сè уште не можеме да кажеме, велат од МИТ Универзитетот. Тие ја продолжуваат програмата, ќе ја градат својата база на податоци врз основа на искуствата и ќе ги следат своите „ученици“ претприемачи.
„Но, сметаме дека дополнителните алатки што ги обезбеди програмата ќе им помогнат во нивните претприемачки напори сега и долгорочно. Наместо состојба само на битисување, самосвеста е навика што треба да се практикува одново и одново. Тие 12 недели во акцелераторот им овозможија на претприемачите да го практикуваат она што го учеа, да ги видат последиците со текот на времето и да ги интегрираат научените работи во нивните стартап активности. Ние веруваме дека тие ќе продолжат да го прават тоа, градејќи ги своите компании надвор од Delta V.
Веруваме дека интегрирањето на самосвеста во претприемачкиот екосистем – претприемач по претприемач – ќе доведе до поздрави стартап култури. Оваа придобивка не само што ќе им помогне на основачите, туку според наша проценка, ќе создаде и домино ефект и ќе се прошири на членовите на нивниот тим, нивните клиенти, добавувачи, што на крајот ќе резултира во поздрави – и поуспешни бизниси.“, вели Триш Котер, директорка на Delta V акцелераторот и организатор на програмата.

 

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×