Стрес тестовите кај банките покажаа дека имаат солиден капацитет за потенцијални шокови
Објавено на од во Економија
Финансиската стабилност во земјава се задржа во текот на минатата година, при истовремено продлабочување на нивото на нефинансиско посредување, а работењето на финансиските институции се одвиваше во релативно поволен домашен амбиент.
Narodna-Banka-2avg18-MetaОва го покажува извештајот за финансиакта стабилност во 2018 година објавен од Народната банка, во кој се посочува дека банкарскито систем како клучен сегмент од финансискиот сектор ги подобрил показателите за изложеноста на ризици, а стрес-тестовите упатуваат на солиден капацитет за апсорбирање на потенцијалните шокови.
Кај активностите на банкарскиот сектор е забележан значително забрзан раст, при раст и на профитабилноста и подобрување на профилот на ризик на домашните банки.
Банкарскиот систем, според извештајот е ликвиден и високо солвентен, со стапка на адекватност на капиталот од 16,5 отсто и преовладување на најквалитетниот, т.н. редовен основен капитал во вкупниот регулаторен капитал.
Квалитетот на активната е на солидно ниво, со учество на нефункционалните во вкупните кредити од 5,2 отсто и висока покриеност на овие кредити со издвоени резервации за очекувани кредитни загуби од 76,3.
Средствата на банкарскиот сектор претставуваат 82,5 отсто од вкупната актива на финансискиот сектор, а активностите на останатите сегменти од финансискиот систем, со исклучок на задолжителните капитално финансирани пензиски фондови, се прилично скромни по обем, наведуваат во извештајот.
Кај корпоративниот сектор, според извештајот, се забележани подобрени резултатите од работењето, зголемена додадена вредност, отворени нови работни места и раст на платите на вработените.
„Показателите за профитабилноста, задолженоста и способноста за редовна отплата на обврските забележаа подобрување“, стои во извештајот.
Во делот на домаќинствата показателите за солвентноста и ликвидносната позиција, заедно со ниското и стабилно учество на нефункционалните во вкупните кредити во портфолијата на банките, и натаму упатуваат на релативно ограничена чувствителност на овој сектор на шокови и главно одржување во контролирани рамки на ризиците за финансиската стабилност што произлегуваат од него.
Кај капитално финансирано пензиско осигурување, во извештајот се наведува, дека не се очекуваат поголеми ризици од работењето.
„Неодамнешните измени во законската регулатива треба да овозможат зајакнување на одржливоста на вкупниот пензиски систем на долг рок и стабилна исплата на пензиите на осигурениците. Друштвата за управување со пензиските фондови применуваат конзервативна инвестициска политика во рамките на регулаторните ограничувања и правила и се очекува основањето трето пензиско друштво да придонесе за зголемување на конкуренцијата во овој сегмент од финансискиот систем“, наведуваат во извештајот.
Средствата на другите чинители на финансискиот систем се помалку од седум отсто од активата на финансискиот систем, а половината од нив отпаѓаат на осигурителниот сектор.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×