Субвенции за плински уреди во возилата, ќе се даваат до 18 илјади денари
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Министерството за економија денеска го објави јавниот повик за субвенционирање на дел од трошоците за вградување на плински уреди, метан или друг вид алтернативно гориво во возилата.
плинЌе се субвенционираат до 50 проценти од трошоците, но не повеќе од 18 илјади денари за вграден плински уред во возило. Субвенционирањето ќе важи само за едно возило во семејство. За оваа намена се одвоени 15 милиони денари.
Право на учество имаат сите сопственици на возила произведени од 2005 година наваму, а барањата заедно со потребната документација може да се достават до Министерството за економија секој работен ден од 09:30 до 15 часот. Крајниот рок за поднесување на барањата е 2 декември.
Субвенционирањето ќе се врши по принципот „прв дојден, прв услужен“.
Ова е една од мерките на Владата насочена кон намалување на аерозагадувањето.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×