Судот го одби предлогот на СЈО за мерки за претпазливост за Канческа-Милевска
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Судија на претходна постапка го одби предлогот на Специјалното јавно обвинителство за определување мерки за претпазливост за две лица опфатени со предметот „Тендери“, соопшти денеска Кривичниот суд – Скопје.

„Постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО), за определување мерки за претпазливост против две лица опфатени во предметот на СЈО во јавноста познат како „Тендери“, пред судија на претходна постапка на 28.10.2016 година беа повикани двете лица кои во присуство на нивните бранители и претставник на СЈО се произнесоа во врска со предлогот. По завршување на распитот судијата на претходна постапка со решение од 28.10.2016 го одби предлогот на СЈО, за определување на мерки за претпазливост, како неоснован, а по писменото изготвување решението е експедирано до странките“, се наведува во соопштенито од Судот.

За случајот „Тендери“, обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи, кога го презентираше, појасни дека од 14 јуни 2011 година, до 31 декември 2013, првоосомничената како раководно лице во Министерството за култура, и тројца осомничени во својство на членови на Комисија за јавни набавки, ги искористиле службените овластувања за фаворизирање на компанијата Бетон-Штип како изведувач на завршни градежни работи на Музејот на македонската борба. Фетаи рече дека постои основано сомнение оти првоосомничената уште пред да биде објавен соодветниот оглас за јавна набавка, веќе донела одлука кој ќе ги изведува работите во Музејот популарно наречен „на ВМРО“.

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, на прес-конференција по објавата на предметот „Тендери“, отфрли сѐ за што е осомничена, зашто сѐ се работело согласно законите – било „чисто како солза“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×