Судските службеници протестираат против партизираноста во судството
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Судските службеници преку двочасовен прекин на работата го искажаа своето незадоволство околу Законот за судска служба донесен минатата година, а за кој доставиле многу забелешки и предлози за измени.

Најголемиот проблем, велат тие, се ниските плати и силната партизираност во судските органи. Тие тврдат дека со овој закон се укинува степенот на кариера и се овозможува вработување на неквалитетни кадри. Синдикатот е незадоволен од краткото време и нетранспарентната постапка на донесување.

„Нашите барања остануваат исти. Мора да се изменат рестриктивните и демотивирачки одредби во Законот за судската служба. Сѐ додека тоа не се случи, ќе преземаме вакви и други мерки што ни ги дава законот за да можеме да ги оствариме нашите права“, рече Дејановски.

Службениците велат  дека од донесувањето на законот во неколку наврати испраќале забелешки и предлози за измени, но не добиле позитивен одговор. Велат дека законот има рестриктивен и репресивен карактер, дека има дискриминирачки и демотивирачки елементи, како и многу недоречености за кои треба да се произнесе Уставниот суд.

Инаку, според проценките на генералниот секретар на УПОЗ, Трпе Дејановски на штрајкот излегле меѓу 80 и 100 отсто од вработените во судовите во Скопје, но и од источна Македонија.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×