Судството епицентар на втората „бомба“ на Заев
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска продолжи со објавување на, како што ги нарекува, доказите од проектот „Вистината за Македонија“. Овој пат тој обвини за „контрола воспоставена од власта врз судството и правосудниот систем во Македонија“. Во прилог, на прес-конференцијата одржана во партиското седиште, Заев презентираше пет прислушувани телефонски разговори.

Првиот разговор го водат, како што рече лидерот на СДСМ, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и поранешниот министер за правда, Михајло Маневски, во кој се зборува, според СДСМ, за влијание при избор на член на Судскиот совет.

Во вториот разговор, Заев обвини дека директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, и поранешниот вицепремиер за спроведување на Рамковниот договор, Муса Џафери, договарале избор на претседател на Врховниот суд.

Третиот разговор, според зборовите на Заев, се води меѓу Јанкулоска и министерот за финансии, Зоран Ставрески, а го покажува влијанието врз тогашниот обвинител за организиран криминал, а сегашен Јавен обвинител, Марко Зврлески, за отфрлање на кривична пријава против Ставрески.

На четвртиот разговор Јанкулоска, според лидерот на СДСМ, се консултира со прилепскиот градоначалник, Марјан Ристески, околу унапредување на судија од прилепскиот суд, во Апелациониот суд во Битола, и за целта министерката го прашува Ристески „дали и колку е наш судијата“.

Петтиот разговор што беше пуштен на прес-конференцијата, според Заев, се води меѓу уредникот на ТВ Сител, Драган Павловиќ Латас, и апелационата судијка и сопруга на поранешниот министер за правда, Михајло Маневски, Филимена Маневска, и во него новинарот наводно ургира за три судски постапки во кои тој е вклучен, а кои апелација ги вратила на повторно разгледување.

Според лидерот на СДСМ, овие разговори покажуваат „зошто затворите во Македонија се полни со политички затвореници“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×