Сугарески: До крај на годинава ќе заврши изградбата на пругата која ќе ја поврзе Битола со Грција
Објавено на од во Економија

sugareski-1Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, изврши увид во изградбата на пругата Битола-Кременица и најави дека изградбата на истата ќе заврши до крајот на годината. Пругата е со должина од 16 километри, а инвестицијата е во вредност од 17, 2 милиони евра. Од нив 6 милиони евра се грант од Европската Унија, а 11 милиони евра се обезбедени од буџетот на Република Македонија.

Министерот Сугарески потенцираше дека ова е најзначајниот проект во Пелагонискиот Регион бидејќи по триесет и две години овој регион железнички повторно ќе се поврзе со Грција. Изградбата на пругата е стратешки проект на Владата, кој според министерот Сугарески , економски ќе го зајакне Пелагонскиот Регион.

„Поради стратешката позиција и огромната потреба Пелагонија повторно железнички да се поврзе со Грција, минатата година во номеври потпишавме нов договор со друга компанија. Како што можеме да забележиме, тие интензивно работат на терен и очекувам до крајот на ноември оваа година да имаме функционална пруга кон Грција“.

Со изградба на пругата, како што рече Сугрески, ќе се обезбеди брз пристап со железница од Пелагонискот Регион до солунското пристаниште, а понатаму ќе се поврземе и со Коридор 4 сè до Турција.

„Ова е многу значајно ако се има предвид дека близу до нас се наоѓа и индустриската зона Жабени со што ќе овозможиме брз и поевтин транспорт на стоките и услугите за компаниите не само во зоната туку и сите останати во Пелагонскиот Регион. Пругата е од огромно значење бидејќи со нејзината изградба дополнително  економски ќе го зајакнеме овој регион“, нагласи Сугарески.

Покрај изградбата на оваа пруга, Сугарески рече дека Владата е фокусирана и на изградба на пругата кон Бугарија, а интензивно преговараат за обезбедување финансиски средства и за изградба на пругата кон Албанија.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×