Сугарески: Инвестираме преку милијадра евра во инфраструктурата, француските компании се добрeдојдени
Објавено на од во Економија
Инфраструктурните проекти што се реализираат во Република Северна Македонија со посебен акцент на проектите во делот на патната и железничката инфраструктура биле тема на денешната средба на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние и претставници од Агенцијата за развој на Франција задолжени за Балканот.
sugareКако што информираат од Министерството за транспорт, министерот Сугаревски ги најави проектите за изградба на пругата на Коридор 8, како и плановите за развој на патната мрежа во земјава. Тој потенцираше дека во тек е инвестициски циклус преку милијарда евра и ги повика сите заинтересирани компании од Франција кои работат во делот на транспортот да учествуваат на јавните повици за реализација на капиталните инвестиции.
„Денеска остварив средба со амбасадорот и претставници од француската АФД за Балканот. Разговаравме за проектите што ги реализираме во делот на инфраструктурата, ги информирав колегите од Франција дека инвестираме преку една милијарда евра во изгардба на патишта и железници. Исто така ги повикав сите заинтересирани компании од Франција да учествуваат на јавните повици што ќе ги објавиме во наредниот период за реализација на сите планирани проекти. Се надевам дека ќе имаме добра соработка“, изјави министерот за транспорт и врски Сугарески.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×