Сугарески не очекува смена, туку раст на капиталните инвестици во вториот и третиот квартал
Објавено на од во Економија
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески очекува силен раст на капиталните инвестиции во вториот и во третиот квартал годинава и уверува дека ќе имаме економска година посветена на инфраструктурата.
сугарески„Изградбата на капиталните проекти се приоритет број еден за Владата. Најавиве дека оваа ќе биде економска година и се држиме до таквите изјави. Само преку ЈП за државни патишта во првиот квартал реализирани се преку 50 милиони евра во изградба и реконструкција на патната мрежа во земјава. Тоа е на пример за три пати повеќе инвестиции во споредба со првиот квартал од минатата година“, изјави денеска Сугарески, при увидот на градежните работи за реконструкција на регионалниот пат Драчево – Таор.
Сугарески наведе дека моментно се работи на 90 – ина проекти  за над 700 километри патишта  патишта, мостови  и патарини, со вкупна вредност од над 850 милиони евра.
„Засилено работиме на гасификацијата, ја интензивиравме изградбата на железницата кон Бугарија и реално очекувам втор и трет квартал да имаме силен раст на капиталните инвестиции. Ни претстои долга градежна сезона, очекуваме се што најавивме за изградба и реконструкција во инфраструктурата да реализираме за оваа година, и уверен сум дека ни претстои силна економска година посветена на инфратсруктурата“, рече Сугарески, одговарајќи на новинарски прашања, при увидот на реконструкцијата на регионалниот пат Драчево – Таор.
Тој информираше дека се завршени 50 проценти од работите за изградба на пругата кон Бугарија.
„Голем дел од проблемите се надминати, се очекува анекс договорите да се потпишат, првата делница сериозно се интензивира, за втората делница се очекува до крај на годината да се избере изведувач и да почне изградбата, а за третата од Крива Паланка до гугарска граница Министерството за финасии  работи на обезбеудвање средства. Таму имаме 60 милиони грант средства од ИПА, согласно роковите очекуваме да биде и динамиката“, рече Сугарески, посочувајќи дека за многу бргу време очекува пуштање на автопатот Скопје Штип, ќе се интензивира работата на автопатопт Кичево Охрид и ќе почне изгардбата на автопатот Скопје Блаце.
Сугарески не очекува да биде сменет
Министерот за транспорт и врски не очекува да биде меѓу функционерите  кои ќе бидат разрешени, како што најави неодамна премиерот Зоран Заев, но вели дека ќе ја почитува евентуалната таква одлука.
„Искрено не очекувам. Меѓутоа  ќе ја почитувам секоја одлука на премиерот  врз база на неговите анализи што ги прави за мојата работа“, изјави Сугарески,  одговарајќи на новинарски прашања при увидот на реконструкцијата на регионалниот пат Таор – Драчево.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×