Сугарески очекува 95% реализација на капиталните инвестиции до крајот на годината
Објавено на од во Економија

sugareski-1Со 70 милиони евра пари од Светска банка и уште 100 милиони од Европската инвестициска банка ќе се градат локални патишта, комунална и водоводна инфраструктура.

Околу 13 милиони евра се уште стојат неискористени од сметката на министерството, а 8 општини немаат потрошено ниту денар. Сугарески апелира до локалната самоуправа да не се чекаат јавни огласи туку веднаш да се подготват издржани проекти со нагласување на приоритетите.

„Утврдувањето на методологијата на распределба на средства ќе биде на принцип на она што досега го имавме со Европската банка – врз база на бројот на население, големината на населените места, а приоритетот за изградба на патиштата, водоводите и канализационите мрежи ќе го утврдуваат самите општини. – изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Иако капиталните инвестиции во рамки на министерството изнесуваат 63,25 %, се уште голем проблем е гасификацијата. Заклучно со август, по оваа ставка реализирани се само 8,6%. Сепак, министерот е оптимист дека до крајот на годината вкупниот износ ќе надмине 95 %.

„Многу јасно ги соопштуваме сите аргументи зошто гасоводот на Водно треба да продолжи. Тоа аргументирано низ дебата по повеќе основи и во делот што значат финансиските средства, најважно од се е делот на заштитата на животната средина и сите оние аргументи што ги имаме за тоа зошто не треба да се менува трасата која е веќе зацртана“, додаде Сугарески.

Анализите на министерството покажале дека најоштетени се патиштата во источниот регион. Очекувањата се дека рехабилитацијата на патиштата ќе биде завршена за околу две години.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×