Супституцијата на растот на придонесите ќе важи за сите вработени
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Мерката за супституција на растот на придонесите во државата ќе важи за сите гранки и вработени, најави денеска премиерот Зоран Заев по посетата на фабриката „Таб Мак“ во Пробиштип.
зз„Тоа се околу 800.000 граѓани, заедно со јавната админситрација, финансиските институции и слично, секако и Владата е тука, како работодавач и општините. Се уште ги правиме анализите за финансиските аспекти. Тоа што треба да знаат граѓаните е дека државата нема да се задолжува за оваа мерка“, рече Заев.
Премиерот укажа дека оваа мерка ќе ja  почуствуваат и работниците, земјоделците, пензионерите, стечајните работници, како и социјалните случаи.
„Веруваме дека зголемената финансиска моќ на сите ќе значи и комплетно иницирање поголем, побрз, динамичен развој во општеството. Но, верувам дека после летните одмори ќе можеме тој пакет на мерки да го испорачаме“, истакна Заев.
Оваа мерка, дополни вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, се уште се анализира, но ќе има сериозен импакт во неколку области.
„Прво во справувањето со сивата економија, второ за намалување на одливот на граѓани од државата, односно иселувањето на младите луѓе, бидејќи единствен начин како за да ги задржите младите во ера на дигитализација, слободен пристап на информации и слободно движење, е да им понудите најдобри можни услови во државата“, потенцира Анѓушев.
Според него, со оваа мерка ќе се овозможи и раст на платите на вработените во земјава, но исто така ќе му се помогне и на стопанството со супституција на растот на придонесите. Влада наскоро ќе излезе со динамиката за имплементација на мерката која, оцени Анѓушев, нема да има негативни влијанија врз буџетот, туку напротив, се очекува позитивен ефект.
Премиерот Заев истакна дека одлично се одвива и проектот „Мој ДДВ“, се заблагодари на граѓаните, кои ги бараат фискалните сметки и на тој начин ја чуваат фискалната дисциплина и се помагачи во полнење на буџетот. На два часа се следат фирмите, кои, според граѓаните, не издаваат фискални сметки, а оние што упорно не се придржуваат на оваа мерка ќе се казнат, не селективно, туку превентивно.
Заев уште еднаш истакна дека фокусот на Владата за наредниот период е ставен врз економијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×