Светот должи 244 трилиони долари – три пати повеќе од обемот на светската економија 
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Dolar
Светскиот долг се приближува до рекордните 244 трилиони долари, што е три пати повеќе од обемот на светската економија, покажува анализата на Institute of International Finance.
Вкупната задолженост во износ од 318% од светскиот БДП е малку под рекордните 320% од БДП достигнат во третиот квартал од минатата година.Со покачување на каматите во светот, Меѓународниот монетарен фонд ги предупреди земјите да го стават под контрола растечкото ниво на долгот и да ги зајакнат резервите за во време на криза.

Долгот на нефинансиските претпријатија во светот се зголеми на 72 трилиони долари и ги достигна рекордните 92% од БДП.

Долгот на домаќинствата е зголемен за 30% на годишно ниво, на 46 трилиони долари, поттикнат од растот на задолженоста во земјите во развој и Кина.

Финансискиот сектор, пак, должи околу 60 трилиони долари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×