Светот на работ на трговска војна!
Објавено на од во Економија

shutterstock_316541225

Воведување на царини од страна на САД за увозот на соларни панели од 30% и машини за перење од 50%н најавата за воведување на царини за увозот на челик и алуминиум, како и обраќањето на американскиот претседател Доналд Трамп во Давос во кое рече дека нема повеќе да го толерираат кршењето на трговските пракси од страна на Кина, за многумина значи јасен сигнал за почеток на трговска војна меѓу двете најсилни светски економии САД и Кина, кои создаваат третина од светското производство. Но, Трамп се чини овојпат е решен во пракса да ја спроведе својата протекционистичка економска политика, па во рок од една недела покрај по Кина, удри и по Европската унија, обвинувајќи ја дека им создава многу проблеми на американските извозници и заканувајќи се дека тоа може да резултира со нешто многу големо. Политичките и бизнис лидерите во Давос пак демонстрираат дека засега немаат никакво решени за се спречат процесите кои многу лесно можат да направат штета за целиот свет.

 

“Не може да имаме слободна и отворена трговија, ако некои земји го злоупотребуваат системот за сметка на други. Ние ја поддржуваме слободната трговија, но таа треба да биде фер и да биде реципрочна. Бидејќи, на крајот нефер трговијата создава штети за сите.”

Ова е дел од обраќањето на американскиот претседател Доналд Трамп кон политичката и бизнис елитаод кое многу експерти извадија заклучок дека Трамп ја води Америка на патот кој води до трговска војна.
Во своето обраќање во Давос, Трамп многу јасно го впери прстот кон Кина, објавувајќи дека САД нема повеќе да ги затвораат очите кон трговските нефер практики и потези. Тој како што рече не сака трговска војна, но ако треба да ја има, ќе ја има.

Неколку дена пред неговото доаѓање на Давос Трамп објави дека САД воведуваат царини на увозните соларни панели и машините за перење.  Според информациите царините за увоз на соларни панели достигнуваат до 30%, додека царините за увозните машини за перење се до 50%.
Потегот на САД да воведе заштитни царини за увоз на машини за перење најмногу ги погодува Кина и Јужна Кореја. Токму затоа Јужна Кореја експресно поднесе тужба и да отпочне спор против САД во Светската трговска организација (СТО). Наскоро се очекуваат и конкретните потези од Кина, која потврди дека е децидна дека одлучно ќе ги брани своите легитимни национални и економски интереси.
Но, вистинскиот удар од САД допрва се очекува. Наскоро, администрацијата на Трамп се очекува да објави целосна листа на трговски санкции кон Кина, меѓу кои се очекува да бидат и царини за на производите од челик и алуминиум кои се увезуваат во САД.

Иако за некои е изненадување, овој потег на Трамп е само продолжение на неговата реторика за протекционистичка трговска политика која ја нагласуваше уште во предизборната кампања за претседател на САД. Со таа разлика што сега на целиот свет му е јасно дека Трамп е подготвен од зборови да премина на дела.
Нема сомнение дека Трамп е бесен на растечкиот трговски дефицит со Кина, кој на крајот на 2016 година достигна 350 милијарди долари, и постојано расте секој месец.

 

Кина и Јужна Кореја не се единствените кои се погодени. Политиката “Америка првa” секојдневно ја зголемува листата на земји кои се незадоволни од овие потези и го критикуваат Трамп за кршење и злоупотреба на меѓународните трговски правила и прописи.

Ако се суди според последните закани на релација Вашингтон и Брисел на повидок е уште една трговска војна.
Трамп во своето интервју изминатава недела изрази јавно големо незадоволство од нефер трговската политика на ЕУ.
“САД не можат доволно да извезуваат во земјите од ЕУ. Имам многу проблеми со Европската унија. Ова може да прерасне во нешто многу големо, од гледна точна на трговијата”, изјави Трамп.

“Не можеме да ги извезуваме своите производи во ЕУ. Тоа е многу, многу тешко. А тие истовремено ни ги продаваат своите производи без царини, или со многу мали царини. Тоа не е фер”, изјави Трамп.

Но, Европската унија веднаш возврати на нападот на Трамп.
Портпаролот на ЕУ, Маргаритис Скињас  е дециден дека трговијата мора да биде отворена и фер, но таа истовремено мора да биде заснована на одредени правила.

“ЕУ е подготвена да реагира брзо и на соодветен начин доколку европскиот извоз биде погоден со било какви рестриктивни мерки од страна на САД”, изјави Скињас.

ЕУ во 2016 година имаше трговски суфицит со САД во вредност од околу 140 милијарди долари, но тоа очигледно не се вклопува во стратегијата на Трамп за “Америка на прво место”.
ЕУ неодамна склучи договор за слободна трговија со Канада и Јапонија, веќе е при крај се преговорите со Латинска Америка, a се подготвува да почне преговори за слободна трговија со Нов Зеланд и Австралија.

Но, за секоја војна, па и за отпочнување на трговските војни се потребни двајца.
САД не е единствената која ги крши меѓународните трговски правила за ја заштити домашната економија. Истовремено и Кина се соочува со се повеќе обвинувања од страна на САД, ЕУ и другите трговски партнери за субвенциите на извозот и пречките за пристап до нивниот банкарски, енергетски и другите сектори, што е кршење на обврските за отворање на пазарот што Кина ги превзема уште во 2001 година кога влезе во СТО.

Ако се земе во предвид и фактот дека Велика Британија се подготвува во март 2019 година да излезе од ЕУ, а Трамп најави дека САД ќе склучат пријателски договор со Британците, тогаш годинава може со сигурност да се очекуваат многу темни облаци над светската трговија.


trg vojnaИ додека светот ги очекува следните потезиод трговската воинствена политика, американската економија остварува резултати подобри од било кога. По даночните ослободувања од страна на Трамп за американските компании, вредноста на нивните цените достигнуваат рекорднo високи цени.


Давос не понуди решенија

На последната средба во Давос многу политички и бизнис лидери апелираа да престане користењето на трговијата како оружје.

Меѓу нив најгласен и најконкретен беше кинескиот гигант Џек Ма.
Трговијата би требала да биде решение за светските проблеми, а не да се користи како оружје”, апелираше кинескиот гигант и основач на интернет трговецот Alibaba, Џек Ма до светските политички лидери.
“Ако ја користите трговијата како оружје најмногу штети ќе претрпат младите луѓе и претпријатијата. Тие ќе бидат убиени, како кога некаде бомбардирате некого”, изјави кинескиот милијардер Ма за време на последниот Светски економски форум  во Давос предупредувајќи дека ќе биде многу тешко да се спречат катастрофите од отпочнувањето на трговска војна.

На Форумот во Давос годинава како претставник од Кина беше главниот финансиски и економски советник на кинескиот претседател Лиу Хи. Тој за годинава најави многу мерки за отворање на кинеската економија, кои ќе ги охрабрат меѓународните инвеститори да инвестираат во Кина.
“Економската глобализација треба да биде поотворена, инклузивна и балансирана. Кина стаи цврсто против сите форми на протекционизам”, изјави Лиу во своето обраќање во Давос.
Директорката на ММФ, пак, Кристин Лагард и покрај позитивните прогнози за растот на светската економија годинава предупреди на три опасности за економскиот раст. Најголемите опасности за глобалниот раст Лагард ги гледа во финансиската нестабилност, растечката нееднаквост и недостатокот на меѓународна соработка и постоењето на големи геополитички ризици.

Сесилија Малмстрем, комесарка на ЕУ за трговија во моменталниот недостаток на лидерство од страна на САД гледа шанса за ЕУ да покажедека може да склучи добро трговски договори, да склопува нови сојузи и пријателства и да ги пропагираат европските вредности.
Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон во своите говори се заложија силно за слободна трговија, за меѓународните регулативи и за почитување на човечките вредности. Се чини дека тоа се единствените опции каде Европа може да покаже некоја посилна улога во време кога Трамп најавува трговска војна, а Кина се уште е земја на која слаба и е почитувањето на човечките права.

24tvТрамп ќе игра на картата на евтин долар за да го поттикне американскиот извоз ?!

Минатата недела поевтини на тригодишен минимум во однос на еврото, по изјавата на министерот за финансии на САД дека послабата американска валута е добра за економијата на земјата и за американските извозници.
Мислењето на министерот Манучин се разликува од досегашната политика на САД за поддршка на силниот долар. Тоа ги наведе аналитичарите на заклучок дека администрацијата на САД можеби се обидува да ја намали вредноста на доларот, за да и даде поддршка на трговијата, како дел од неговата стратегија за поддршка на американската економија наречена “Америка на прво место”.
“Не се загрижени за нивото на доларот на краткорочен план, бидејќи станува збор за многу, многу ликвиден пазар”, изјави Манучин.
Овој коментар на американскиот министер за финансии го предизвика едно од најголемите намалување на вредноста на доларот во последните неколку години. Со тоа вредноста на еврото вчера достигна вредност 1,2461 долари, што е највисока вредност во изминатите три години.
Многу инвеститори сметаат дека министерот Манучин досега отфрла каква и да е идеја за политиката на силен долар, која што беше спроведувана од повеќе американски министри за финансии во изминатите 20 години.
Поевтиниот долар ги прави поконкурентни американските производи, и покрај тоа што има ризици за зголемување на инфлацијата, преку зголемувањето на трошоците за увоз.
Според Сајмон Дерик, главен валутен експерт во BNY Mellon, ниту еден министер за финансии на САД во последните 15 години не бил толку директен во нагласувањето на предностите на послабата валута.

Манучин вели дека САД не се обидуваат да ја искористат валутата како оружје во трговската војна, туку дека власта се обидува да направи се што е во нејзина моќ за да го поткрепи американскиот бизнис.
“Сакаме слободна, праведна и реципрочна трговија”, изјави Манучин. “Не се обидуваме да започнеме трговски војни, но од друга страна се обидуваме да ги заштитите американските интереси”.
На долгорочен план, смета Манучин, вредноста на американската валута ќе  ја одрази основната сила на економијата на САД.
“Тоа што е добро за САД е добро и за останатиот дел од светот, ако се гледа од гледна точка на економскиот раст”, смета Манучин.
“Програмата ќе биде дека САД се отворени за бизнис и дека новиот даночен систем го прави инвестирањето и отворањето на работни места во САД”, смета Манучин.

29tvТрговска војна меѓу САД и Кина ќе донесе штета за цел свет

Во својот говор кој го одржа во декември минатата 2017 година Трамп ја објави својата стратегија за национална безбедност, потенцирајќи дека “Америка е во игра” и дека “Америка ќе победи”. Во националната стратегија за безбедност Трамп отворено ја идентификуваше Кина како “стратешки конкурент”, која може да ги поткопа безбедноста и просперитетот на САД.
Tрамп најави дека во текот на годинава може од САД да се очекуваат посилни и построги трговски мерки на трговските прекрушувања кои ги прави Кина со години наназад, како што се на пример воведувањето на казнени царини. Истовремено, во САД во тек се бројни истраги за трговските прекршувања при узвоз на одредени производи од Кина, како на пример челик и алуминиум, за чиј увоз најверојатно набрзо ќе се воведат царини. Кина е најголем производител и на челик и на алуминиум.

Но, овие активности сигурно ќе наидат на реакции од страна на Кина. Очекувањата се дека Кина би можела да постави бариери за да го блокира увозот на американските производи, да отпочне патриотска кампања за бојкот на американските производи, како што направи со Јапонија и Јужна Кореја во изминатите години. Но, не треба да се занемарат и штетите од потезите кои Кина би можела да ги презема како најголем купувач и сопственик на американските должнички хартии од вредност.

Влоговите се преголеми и штетите би можеле да бидат уште поголеми за двете страни ако овој судир прерасне во вистинска трговска војна, имајќи во предвид дека овие две економски сили држат околу четвртина од светската трговија со стоки и околу една петина од светската трговија со услуги, и дека создаваат една третина од светското производство.

Кога станува збор за можна трговска војна на релација САД-Кина, прашањето не е дали, туку кога двете страни ќе претрпат штети, но и колкави ќе бидат штетите што заради овој конфликт ќе ги имаат целиот Азиско-пацифички регион, но и целиот свет.

Еден од најголемите стравови кај креаторите на политики од доаѓањето на Трамп на власт е дека е загрозен мултилатералниот систем кој беше многу важен за зачувување на мирот во изминатите 70 години.
Тој ризик сега е поголем од било кога, бидејќи изгледа дека Трамп сосема го игнорира овој ризик и е одлучен во својата намера да ја спроведе во пракса својата протекционистичка политика уверен дека тоа е висинскиот начин да им помогне на американските компании и на целата економија.
И додека светот ги очекува следните потези, американската економија остварува резултати подобри од било кога. По даночните ослободувања од страна на Трамп за американските компании, вредноста на нивните цените
достигнуваат рекорднo високи цени.

 

 

 

 

[/freetext]

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×