Светот стравува од нова рецесија: Кои се ризиците за македонската економија?
Објавено на од во Економија

051519094346Со ослабена индустрија и извоз врзан речиси 50% за германската економија, а над 80% за европската економија, со банкоцентричен систем во најголем дел во сопственост на европски банки, македонската економија е прилично ранлива на надворешни шокови. Ако на тоа се додадат и геополитичките и економските пореметувања, растечките трговски конфликти и протекционистички мерки, забавувањето на германската економија, како и се поголемите стравови од хаосот кој може да го предизвика Брегзитот без договор, тогаш речиси сите сигнали предупредуваат дека светот полека, но сигурно се движи кон големи економски потреси, кои можат значително да влијаат врз македонската економија. Колкав маневарски простор имаат македонските власти за соодветно да одговорат на претстојната рецесија?

Со ослабена индустрија и извоз врзан речиси 50% за германската економија, а над 80% за европската економија, со банкоцентричен систем во најголем дел во сопственост на европски банки, македонската економија е прилично ранлива на надворешни шокови. Ако на тоа се додадат и геополитичките и економските пореметувања, растечките трговски конфликти и протекционистички мерки, како и се поголемите стравови од хаосот кој може да го предизвика Брегзитот без договор, тогаш речиси сите сигнали предупредуваат дека светот полека, но сигурно се движи кон големи економски потреси.
Дали македонската економија е подготвена за нова рецесија? Кои се најголемите ризици од евентуални поголеми надворешни шокови? Колку македонските власти имаат маневарски простор да одреагираат соодветно на евентуално нова економска рецесија и забавување на економијата од која стравува целиот свет?
Дали владата треба повеќе да троши и на тој начин да ја поттикнува домашната економија или приоритет мора да биде да се намалат трошоците за компаниите за полесно да го надминат евентуалното забавување на зветската економија?
Пред десетина години во времето кога европската и светската економија беа погодени од големата светска економска криза во 2008 година, македонската економија следната година забележа пад од 0,4%. Изминатите власти негативната коњуктура на светската економија ја надминаа со големи буџетски трошења и со огромно презадолжување на земјата.
Владата неодамна најави голем инвестициски циклус од 5 милијарди евра во изградба на нова инфраструктура, во време кога е многу ниска реализацијата на капиталните трошоци.
Но, ситуацијата сега е поинаква. Во изминативе десетина години задолженоста на државата се зголеми двојно, а периодот на неколкугодишен раст во светската економија македонската економија ги помина со ниски стапки на економски раст гушејќи се во политичката криза низ која минуваше земјата. Не успеавме да создадеме никакви бафери за одбрана од надворешни шокови, ниту пак направивме некои од економските реформи кои обично се прават во добри времиња.
Власта вели дека најголемиот дел од овие инвестициски проекти би се реализирале преку нови задолжувања и јавно-приватни партнерства. Истовремено се најавува и зголемување на платите, посебно минималната плата, што веќе ги зголемува трошоците и ја намалува профитабилноста на некои трудоинтензивни дејности.
26 rСе намалуваат нарачките за автомобилски делови од македонските фабрики
Најголемиот проблем за македонската економија доаѓа од големата зависност на извозот од продажбите во Германија. Дури 50% од македонскиот извоз е насочен кон Германија, а она што посебно загрижува што тој е целосно поврзан со германската автомобилска индустрија која веќе неколку месеци бележи пад на извозот. Најголемиот дел од компаниите во зоните кај нас, кои се и најголеми извозници, не извезуваат сопствени производи, туку се дел од набавните ланци на германската авто индустрија. Ако дојде до посилно забавување на економската активност и пад на продажбите на германските авто компании, тогаш тоа сигурно би се почсуствувало преку намалување на нарачките од извозот на компаниите во земјава.
Засега забавувањето на германската економија не го намалува извозот. Извозот на македонската економија во првата половина годинава порасна за 14,1%, а извозот во Германија за 17%, во споредба со истиот период лани.
Проценките се дека годинава над 50% од вкупниот македонски извоз ќе се направи во зоните. Овој процент станува уште поголем и достигнува и до 60% ако на компаниите од зоните им се додадат и компаниите кои работат надвор од зоните како „Дрекслмајер“, „Кромберг и Шуберт“, „Маркарт“, „Амфенол“ .
Вкупниот извоз од 24 компании компаниите кои работат во слободните економски зони во првата половина годинава достигна 1,4 милијарди евра, што е раст од 18,67% во споредба со истиот период претходната година.
Увозот, пак, од зоните во истиот период е зголемен за 32,15% и достигна 1,3 милијарди евра.
Тоа значи дека нето извозниот ефект од зоните во првите шест месеци годинава е 71 милион евра.
Она што е загрижувачки е што повеќето од нив се компании за производство нa автомобилски делови, кои во најголем дел извезуваат во Еропската Унија, поточно во Германија, која, пак, во изминативе неколку месеци се соочува со забавување на економијата и пад на извозот на автомобилската индустрија заради помалата побарувачка за германските автомобили во странство, како и заради воведувањето на построгите стандарди за издувни гасови.
Податоците покажуваат дека во мај и јуни веќе се забележува забавување на растот на извозот од зоните. Па така ако растот на извозот во периодот од јануари до април бил со стапки од над 20% и до 30% во мај растот на извозот на годишно ниво е 7,99%, а во јуни има зголемување од само 1,18%.
Виктор Мизо, претседател на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство и директор на фабриката за автомобилски делови Костал во Охрид во периодот што следува, не само потенцијалната германска рецесија, туку општо глобалното забавување на економијата се важни фактори кои може да влијаат врз македонската економија.
“Глобално, во 2019 година се очекува да се произведат над 4 милиони возила помалку од минатата година. После Кина, најголемиот пад на производството е во Европа. Паралелно со намалувањето на нарачките на автомобили во Европа се намалуваат и нарачките на автомобилски компоненти кај автомобилските добавувачи кои работат во Македонија и овие намалувања може да се движат помеѓу 4% и 12%”, проценува Мизо и потенцира дека оваа бројка може да варира зависно од типот на клиенти/производители на возила за кои се изработуваат автомобилски компоненти во погоните на Македонија.
Дополнително влијание, вели Мизо, има и технолошката компонента на производот наменет за автомобилската индустрија.
“Во случај на технолошки софистицирани автомобилски компоненти кои се користат за електрификација или автономно возење, нарачките, а со тоа и локалното производство во Македонија може и да порасне поради притисокот од страна на автомобилските компании за побрза имплементации на нови технологии, каков што е случајот кај Костал”, додава тој.
Според него, потенцијален начин за минимизирање на негативниот ефект и намалената побарувачка е постоечките компании во Македонија активно да работат на префрлање и пренасочување на дел од производството од помалку конкурентни локации (во поглед на трошоци за производство) кон нас.
“Но, овој процес е релативно спор и може да трае повеќе од 9 месеци, бидејќи се потребни и дозволи и квалификување на производство од страна на производителите на автомобили за кои се наменети овие производи, како и соодветна обука на нови работници”.
22 rНародна банка: Забавениот раст на германската економија засега нема повидливи ефекти
Од Народната банка велат дека и покрај присутните ризици, засега, економските показатели во нашата економија не покажуваат повидливи ефекти oд забавениот раст на германската економија.
“Во извозниот сектор активноста расте со солидно темпо, а искористеноста на дел од извозните капацитети и понатаму се зголемува. Во првите шест месеци од оваа година, извозот на стоки забележа пораст од 14,1% во однос на истиот период од 2018 година, што е слично на просечниот раст во претходните две години. Притоа, податоците покажуваат дека извозот на стоки од нашата земја во германската економија во периодот јануари-јуни бележи раст во споредба со истиот период минатата година”, велат од Народната банкаи посочуваат дека ризиците од надворешното окружување се присутни и покрај поволните остварувања.
Меѓу ризиците е и побавниот раст на германската економија, којашто е наш клучен трговски партнер. “Со оглед на тоа што нашата економија е вклучена во германскиот синџир на снабдување, евентуалното продолжување на неповолните перформанси, секако може да се прелее во домашната економија преку каналот на извозната побарувачка, а понатаму и преку финансиските текови и каналот на очекувањата. Но, мора да нагласиме дека засега, надолните ревизии за очекувањата за растот на германската економија се само на краток рок, односно се однесуваат на 2019 година. Тековните проекции за германската економија не се разликуваат многу од очекувањата вградени во нашето априлско сценарио. Воедно, битно е да се потенцираат и карактеристиките на нашиот извозен сектор, каде се случуваат структурни промени, преку влез на нови компании, а воедно во дел од постојните сѐ уште постои простор за дополнително искористување на капацитетите. Овие карактеристики може во добар дел да ги ублажат евентуалните неповолни ефекти од случувањата во германската и воопшто глобалната економија”, велат од Народната банка и потенцираат дека како и досега ќе продолжат многу внимателно да ги следат движењата и промените во домашниот и надворешниот амбиент, и доколку биде потребно, соодветно ќе реагираат.
Растот на германската економија е планиран на 0,5% годинава и 1% за следната 2020 година. 
Но, тоа повторно е доведено во прашање ако се земат во предвид трговската воја меѓу САД и Кина која се заострува и влијанието на Брегзит врз германската и европската економија, ако се знае дека Велика Британија е еден од најголемите извозни пазари за германската индустрија.

 


24 rГерманија е колатерална штета на трговската војна меѓу САД и Кина

Неколку декади наназад Германија беше економскиот мотор на Европа. Сега е најголем ограничувач на растот. Откако тесно ја избегна рецесијата минатата година, Германија повторно е на работ на рецесија. Производството во второто тимесечие се намали за 0,1% во во однос на претходните три месеци. Многу аналитичари очекуваат контракцијата на германската економија да да продолжи и во третиот квартал со пад од 0,2%. Аналитичарите на Дојче Банк, најголемиот кредитор во земјата, веруваат оти економијата веќе е во рецесија.
Рецесијата во Германија би можела лошо да влијае и врз останатите европски економии, посебно на оние од централна и источна Европа, чиј извоз зависи од германската автоиндустрија.
Ако Германија влезе во рецесија тоа би било за првпат во изминатата декада. Четвртатата по големина економија во светот се чини дека е колатерална штета од трговската војна помеѓу САД и Кина.
Проблемот е сконцентриран во германскиот извозно ориентиран производствен сектор, кој бележи пад четири последователни квартали. Сето ова, како и ескалацијата во трговската војна меѓу Америка и Кина и стравувањата од се поверојатниот Брегзит без договор ја срушија деловната доверба на германските компании на најниското ниво во изминатите седум години.
Индустријата за автомобили, коуја е клучна индустрија во Германија, е најсилно погодена, со пад од 17% во текот на изминатата година, како резултат на забавување на побарувачката од големите трговски партнери како Кина и Велика Британија и исфрлањето од употреба на германските дизел мотори и вртењето на индустријата кон електричните и хибридни автомобили.
Профитот на германската автоиндустрија е на најниско ниво од должничката криза во 2012 година, но поголемиот проблем е што оваа индустрија е соочена со многу неизвесности, како на технолошки, така и на економски и на политички план.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×