Светозар Маровиќ признал дека бил на чело на криминалната група за незаконско стекнување пари
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Светозар МаровиќСпецијалното државно обвинителство на Црна Гора го објави Спогодбата за признание на кривицата со поранешниот функционер на владејачката ДПС, Светозар Маровиќ, кој признал дека ги злоупотребил службената положба и ја оштетил државната каса за милионски износи.

Како што се наведува во Спогодбата, Маровиќ во Спогодбата признал дека во текот на 2006 година во Будва организирал криминална група за извршување на кривични дела заради стекнување на незаконска добивка и моќ, за кои може да се изрече казна затвор од четири или повеќе години.
Заради кривичните дела кои му се ставаат на терет Маровиќ ќе помине во затвор две години и ќе плати казна од 50.000 евра во корист на буџетот. Маровиќ признал дека бил на чело на криминалната организација која го оштетила државниот буџет при изградбата на булевар во Будва, пат во село Крапина и предметите Копирајт и Проперти Инвестмент. Со оваа спогодба тој ќе мора да одлежи 10 месеци  и да плати 50.000 евра казна, а на државата да и врати 1.096.000 евра.

“Делувањето на криминалната група е планирано подолго време и е засновано на примена на одредени правила на внатрешна контрола и дисциплина на членовите. Во делувањето на криминалната група користени се деловните структури на општината Будва, во која членовите на криминалната група раководеле и извршувале службени дејности”, се наведува во Спогодбата објавена на сајтот на Специјалното обвинителство.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×