Светска банка и ММФ кренаа глас против антиглобализацискиот бран
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Глобалните финансиски лидери на годишната средба на Светска банка и на Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон, јавно се спротиставија на растечката непопуларност на либерализацијата на трговијата, наведувајќи дека светската економија треба да стреми кон поинклузивен раст.

Имајќи предвид дека републиканскиот претседателски кандидат, Доналд Трамп, создава негативно расположение кон слободната трговија во САД, и оти Велика Британија гласаше за напуштање на Европската унија, водечките централни банкари и министри за финансии се принудени да ја бранат веќе долгогодишната идеологија, пишува Франс Прес.

„Не треба да се извинуваме за она што е постигнато, што стотини милиони луѓе се извлекуваат од сиромаштија и што им се отвораат можности“, изјави гувернерот на Банката на Англија, Марк Карни на панелот за глобалната економија.

Како што рече, проблемот е во тоа како да се овозможи „плодовите“ на овие активности поефикасно да ги делат што поголем број луѓе во светот.

Германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле, изрази загриженост поради зголемувањето на популистичкото противење на слободната трговија низ развиениот свет.

„Гледате што е постигнато во намалувањето на бројот на многу сиромашните луѓе секаде во светот. Мораме да имаме на ум дека не смееме да го зголемиме јазот меѓу елитите – меѓу политичките, економските, медиумските лидери, и народот, бидејќи, во спротивно, ќе ризикуваме уште поголем популизам“, изјави Шојбле.

Директорката на ММФ, Кристин Лагард, предупреди дека сега не е време да се затвораат вратите на глобализацијата, што, како што рече, на толку луѓе им донела корист.

Дека слободната трговија ќе придонесе за благосостојба на човештвтото смета и заменик-гувернерот на Народната банка на Кина, Ји Ганг, додавајќи дека сериозно треба да се пристапи кон решавањето на инклузивниот раст, што претставува реален проблем со кој светот е соочен.

„Глобализацијата и слободната трговија ни носат многу корист, но мораме да признаеме дека растот не е рамномерен, исто како што не е подеднаква распределбата на приходите“, рече Ганг.

ММФ и Светска банка сега отворено признаваат дека користа од глобалниот раст ја уживаат многу мал број земји, и оти губитниците од глобализацијата треба да добијат наменска поддршка.

„Кога вели дека глобализацијата треба да работи за сите, Лагард признава оти моментално работи претежно за елитното малцинство. Тоа треба да се промени“, вели шефот на отсекот за политика против нееднаквоста во Оксфам Интерешенел, Макс Лосон.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×