Светска банка: Македонија да се задолжува само за проекти со економски придобивки
Објавено на од во Економија

 

Јавниот долг на Македонија е под просекот во регионот но брзо се зголемува и поради тоа Владата мора да внимава парите од задолжувањата да ги вложува во проекти со високи економски придобивки, оценува Доерте Доемлант, сениор економист на Светска банка презентирајќи го најновиот извештај за економските перспективи на земјите од регионот годинава.

Според најновите проценки, македонската економија годинава ќе оствари раст од 3,5%, а главен двигател и понатаму се очекува да бидат јавните инвестиции.

„Извозот поврзан со странските инвестиции и понатаму би требало да расте, но гледаме и одредено заздравување во традиционалните извозни сектори. Јавните инвестиции и понатаму ќе останат двигател на растот, но има и одредено подобрување во делот на домашната побарувачка што сметаме дека е многу добар знак. Важно е Македонија да го зајакне растот, но придобивките од тој раст исто така е важно да се распределат правилно и соодветно на населението за да се намали сиромаштијата“, изјави Доемлант.

Како важни фактори за намалување на сиромаштијата таа ги посочи и инвестирањето во образовниот процес, намалувањето на невработеноста и отворањето на работни места преку поголема соработка на домашните компании со странските инвеститори.

Од останатите земји во регионот, освен Македонија повисоки стапки на економски раст од 3% годинава ќе остварат и Албанија и Црна Гора, додека за Босна и Херцеговина и Србија проценките се песимистички и тоа главно се должи на штетите од поплавите лани.

Во исто време и ММФ пред почетокот на Светскиот економски форум во Давос ги објави своите најнови прогнози според кои глобалниот раст годинава ќе достигне 3,5% што е за 0,3 процентни поени помалку отколку претходната прогноза на Фондот. Проценката за Македонија останува непроменета, односно раст од 3,6%.

Главниот економист на ММФ, Оливие Бланшар, изјави дека факторите кои го поддржуваат растот, вклучувајќи ги и намалените цени на нафтата и падот на еврото биле засенети од негативните сили како забавените последици од кризата и помалиот потенцијален развој во многу земји во светот. Најмногу погодени ќе бидат оние што извезуваат нафта како Русија, Нигерија и Саудиска Арабија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×