Светска банка: Македонија треба да ја зголеми возраста за пензионирање
Објавено на од во Економија

Изминатава деценија е направен дефицит во  пензискиот фонд поради ад-хок зголемувањето на пензиите, намалување на стапките на придонеси и укинување на придонесите со цел промовирање на вработување.

Svetska-Banka

Светска Банка и натаму останува на ставот дека е потребно зголемување на возраста за пензионирање во Македонија. Стареењето на населението и предвремените пензионирања, во комбинација со ад-хок дополнителните зголемувања на пензиите доведоа до трошење на средства за пензии кое е поголемо од 10% од БДП и покрај значителните реформи кои беа преземени пред една деценија, се наведува во најновиот извештај за пензискиот систем на земјава. Сепак од Банката потенцираат дека неодамна усвоените пензиски реформи ќе го стабилизираат системот на краток рок.

„Примената на еден силен пакет политички мерки би можел фискално да го стабилизира и да ја подобри правичноста на пензискиот систем во земјата. На пример зголемување на возраста на пензионирање би го пролонгирало останувањето на работа на работниците, би ги зголемило новите стапки на замена и би ги намалило пензиските расходи и дефицити до два отсто од БДП на годишно ниво до почетоците на 2030 година“, наведуваат во извештајот.

Според извештајот, во изминатава деценија е дојдено до влошување на финансирањето на пензискиот систем.

Како што се навдува, наместо да се спроведуваат дополнителни реформи во област што се клучни за пензискиот систем, како што се, промена на ефективните стапки на доспевање, возраст на пензионирање и индексирањето на пензиите, Светска Банка вели властите се впуштија во ад-хок дополнително зголемување на пензиите, намалување на стапките на придонеси и воведување на укинување на придонесите со цел промовирање на вработување.

Според Светска Банка, ваквите политики доведоа до зголемување на расходите за пензии и до растечки дефицит, стои во извештајот.

Оттаму сметаат дека во намалувањето на пензискиот дефицит и задржување на куповната моќ на пензиите ќе помогне применувањето на индексирање на пензиите од половина во однос на платите, половина во однос на цените на потрошувачката, во индексирање само врз основа на растот на цените.

„Наместо да се спроведуваат дополнителни реформи во област што се клучни за пензискиот систем, како што се промена на ефективните стапки на доспевање, возраст на пензионирање и индексирањето на пензиите, властите се впуштија во ад-хок дополнително зголемување на пензиите, намалување на стапките на придонеси и воведоа укинување на придонесите со цел промовирање на вработување. Ваквите политики доведоа до зголемување на расходите за пензии и до растечки дефицит“, стои во извештајот.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×